MotoGP

Роси и Вињалес ги претставија боите на Monster Yamaha MotoGP

Валентино Роси и Маверик Вињалес во Џакарта, Индонезија ги претставија новите обележја на Monster Yamaha MotoGP тимот.

Следете нè на:

 

Ова се новите обележја со кои Валентино Роси и Маверик Вињалес ќе настапат во сезоната 2019. Официјалниот М1 ги има боите на Movistar од 2014 година, но сега со доаѓањето на Monster Energy, добива темна, црна и сина нијанса.

Лин Џарвис, директорот на Yamaha изјави: „Многу ни се допаѓаат новите бои на мотоциклот. Сега е поагресивен и мислам дека токму тоа и ни треба. Мораме и ние да се прилагодиме и да бидеме поагресивни доколку сакаме да бидеме светски шампиони.“

rossi vinales 12 0.big

Роси, кој на 16-ти февруари ќе наполни 40 години, се подготвува за почетокот на неговата 24-та сезона во Гран При трките. Иако девет-кратниот шампион не успеа да победи на ниту една трка минатата сезона, за прв пат како возач на Yamaha, сепак успеа да биде најдобар возач на тимот, а сезоната ја заврши на третата позиција, веднаш зад победникот Марк Маркез и второ пласираниот Андреа Довициозо.

„Мотоциклот изгледа неверојатно. Малку личиме дури и на ликовите од филмот „Man in Black“, изјави Роси.

„Штета што завршија празниците но ние сме навистина подготвени за предизвиците кои не очекуваат. Мислам дека со Вињалес правиме добар тим. Тој е млад-за жал, а јас не сум. Но јас сум искусен. Се бориме еден против друг кога сме на патеката но надвор од неа имаме добра соработка.“

„Сите тимови работат заедно сега. Следиме што прави Маверик со мотоциклот. Тој е брз и храбар и добро е што ми е тимски колега.“

Вињалес ја прекина серијата без победа за тимот на Yamaha минатата сезона откако успеа да победи на трката која се возеше на Филип Ајленд. На крајот на сезоната тој се најде на четвртата позиција. Во пресрет на третата сезона во тимот, Шпанецот го промени бројот со кој ќе настапува, од #25 на #12. Покрај ова, тој ќе има и нов шеф на екипата.

„Мотоциклот изгледа прекрасно“ , изјави Вињалес. „Не можам да дочекам да почнам со подготовките и морам да признаам дека празниците за мене траеа премногу долго. Се чувствувам многу посамоуверено сега откако Естебан е дел од тимот. Со сите промени кои ги претрпе мојот тим и мотоциклот, мислам дека ќе имаме добри резултати.“

„Досега имало многу борби меѓу Валентино и мене, но тоа останува на патеката. Кога ќе ја извадиме кацигата, ние сме повторно пријатели.“

maverick vinales 16.big

Yamaha ја заврши минатата година со големи сомнежи во однос на моторот со кој ќе настапат во новата сезона. Роси и Вињалес дадоа различни мислења по завршувањето на тестовите во Валенсија и Херез.

Во моментов не се знае дали тимот ќе има нов дизајн на моторот кој ќе биде испробан за време на тестот во Сепанг кога тимот заедно со останатите ривали ќе го имаат првиот официјален тест од новата MotoGP сезона.

„Мораме да работиме напорно бидејќи во изминатиов период нашите ривали направија голем напредок“ , предупредува Роси.„За мене главниот дел во MotoGP се пневматиците, секогаш работиме за да ги сочуваме.“

„Тоа е тешка работа, многу прецизна. Можете да направите разлика со вашиот стил на возење но исто така морате да соработувате со инжинерите.“

„Нашите очекувања се дека вие двајца (Роси и Вињалес) до последната трка ќе се борите за титулата“, изјави Мич Ковингтон од Monster.

valentino rossi 19.big

Би можело да ве интересира

Валентино Роси вели дека е убеден дека може да се бори за титулата.

„Сиахрин мора да покаже напредок и подобрување но исто така и да ја намали разликата со тимскиот колега“ – Ерв Поншарал

Кени Робертс зборува за MotoGP сезоната 2019, аеродинамиката, Марк Маркез, недостатокот на возачи кои доаѓаат од САД и уште неколку други работи.

Веќе ви имаме кажано дека Suzuki планира да престави нов модел на пазарот. Сега добивме информација дека големиот оф роуд мотоцикл е забележан на патиштата во Италија.

Еден од најинтересните модели кои ги видовме на мото шуто во Остин, Тексас, беше рачно изработениот мотоцикл на Revival Cycles наречен, Birdcage.

Викендов на патеката Серез во Грција се возеше втората рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам на кој настапија 6 македонски возачи.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.