Валентино Роси ја нападна Yamaha по уште еден разочарувачки викенд за него и за неговиот тимски колега, Маверик Вињалес.

Италијанецот им порача на Јапонските инжинери дека во скоро време мораат да најдат решение на проблемот. Веднаш по завршувањето на трката, Роси изјави дека имал голема среќа што успеал да го освои петото место и да остане во борба за титулата.

„Петото место со брзината која ја имав за време на викендот, воопшто не е лошо. Но имав среќа бидејќи тројца возачи пред мене излетаа надвор од патеката. Го дадовме максимумот и трката денека беше навистина добра, но за жал ова е нашиот целосен потенцијал засега. Бев многу побрз во споредба со минатата година но тоа не е доволно за место на подиумот. Ако сакаме да се бориме за победа мораме да го забрзаме напредокот. Се надевам дека наскоро ќе можеме да го направиме тоа.“

IMGP7460 copy

„Зависи и од патеката на која се наоѓаме бидејќи на некои сме добри но на некои не.За мене е јасно што треба да подобриме на мотоциклот. За тоа е потребно време но инжинерите мораат да најдат начин да го скратат тој период. Доколку не успеат во тоа, тогаш ќе ни треба уште една сезона. “

Но има и нешто позитивно, а тоа е успешниот тест кој го имаше во понеделникот.

„Испробавме неколку работи и тестот беше навистина добар. Применивме некои различни решенија, некои се покажаа како добри, а некои лоши. Но важно е дека малку се подобривме. Според мене, на следниот тест ќе имаме нешто важно што треба да тестираме. Новите пневматици на Michelin имаат големо подобрување. Со нив можеш да бидеш побрз и даваат подобро чувство на мотоциклот.“

Истото го смета и шефот на тимот, Масимо Марагали, кој изјави дека напредокот кој го постигнале за време на тестот треба да покаже резултат на следните трки.

„Нашата главна цел тука беше да најдеме решение на проблемите со кои се соочувавме за време на викендот. За жал, временските услови не беа исти но сепак успеавме да споредиме некои работи. Исто така тестиравме и некои нови работи и видовме дека имаме корист од нив. Податоците кои ги добивме малку го подобрија расположението на тимот и во следниот период целосно ќе се посветиме на следната трка.“

Back To Top