„Возењето на еден круг на оваа патека е исто како да патувате од едно до друго место“ – Валентино Роси.

Валентино Роси заминува кон една од неговите омилени патеки. Италијанецот има седум победи на Британската Гран При трка додека таа се уште се возеше на патеката во Донингтон Парк. Во Силверстоун, последен пат победи во 2015 година.

Доколку на трката која се вози овој викенд успее да се најде меѓу најдобрите тројца возачи, тоа за него ќе биде прво искачување на подиумот по трката во Остин. Во моментов Роси е најдобриот возач на Yamaha и се наоѓа на петото место, Сепак, оваа година има најмалку освоени поени после 11 трки.

Борбата меѓу возачите на Yamaha оваа година е навистина интересна и разликата меѓу Роси, Вињалес и Куартараро изнесува само единаесет поени.

На последната трка која се одржа во Австрија, Роси заврши на петото место и се најде меѓу Куартараро и Вињалес. Но и покрај тоа неговиот мотоцикл функционираше одлично. Тоа му даде надеж дека може да има добар настап во Силверстоун.

Rosi txt 22 08

„Оваа патека ми е една од омилените“, изјави Роси. „Ми се допаѓа тоа што е многу долга и возењето на еден круг тука делува како да патувате од една до друга дестинација. Кога сте брз, одлично е чувството.“

„Имам одлични сеќавања од оваа патека но се зависи од времето. Возењето на патеката е тешко кога се лоши временските услови. Затоа се надевам дека времето ќе биде исто како и во 2017 година, кога имавме добар викенд.“

„За тука да бидете брз треба да имате добро чувство и стабилност.Има многу брзи свиоци и вообичаено сме добри на оваа патека. Се надеваме дека времето ќе биде добро бидејќи минатата година беше катастрофално, како за нас така и за фановите.“

Патеката во Силверстоун оваа година доби комплетно нов асфалт.

„Изгледа дека завршија добра работа, има помалку испакнати делови и со нетрпение чекам да почнам да возам“, изјави Роси.

„Ајде да видиме дали новиот асфалт ќе обезбеди подобар контакт на мотоциклот со површината и дали организаторите успеаа да ги поправат испакнатите делови“, додаде директорот на тимот Масимо Мерегали.

Back To Top