Валентино Роси верува дека Suzuki има постигнато најголем напредок за време на зимските тестови.

Валентино Роси верува дека Suzuki има постигнато најголем напредок за време на зимските тестови. Ваквото негово мислење следува по успешниот настап кој го имаа возачите на трката во Катар.

Иако Роси смета дека перформансите на Yamaha во голема мера се слични на оние од претходната сезона, девет-кратниот шампион смета дека Suzuki досега покажа најголем напредок. Италијанецот трката во Катар ја заврши на петата позиција веднаш зад возачот на Suzuki, Алекс Ринс. Вториот возач на тимот, дебитантот Јоан Мир во поголемиот дел од трката се бореше против најдобрите возачи но на крајот сепак заврши на осмото место.

Во споредба со минатата година, резултатот кој го постигна Роси е многу поблиску до времето на Довициозо, но и покрај тоа заврши на петата позиција а пред него беше возачот на LCR Honda, Кал Кратчлоу, кој заврши на третата позиција и Алекс Ринс кој беше четврти.

Rosi Main 20 03

Роси вели дека бил на исто ниво со Кратчлоу но темпото кое го имале машините на Suzuki го спречиле да нападне.

„Задоволен сум бидејќи мислам дека имавме добра трка. Единствениот проблем е што завршивме зад Ducati, Honda и Suzuki “. „Главната работа е што и Suzuki се силни.“

„Кал беше многу брз минатата година на оваа патека. Во моментов ние сме на исто ниво а најголем напредок има Suzuki.“

Иако 40 годишниот возач признава дека доколку имал подобра стартна позиција ќе имал и подобар резултат, сепак вели дека се уште се соочува со истите проблеми на мотоциклот.

„Можно е да се постигне добар резулатт но тоа е далеку полесно ако стартувате од првиот ред“, вели Роси. „Повеќе или помалку имав ист настап како и минатата сезона со таа разлика што трката ја стартував од подолните редови. Во моментов, нашите перформанси се исти како и во 2018 година.“

„Изненаден сум бидејќи за време на тестовите немав добро чувство. Минатата година беше обратно.“

Back To Top