„Не сме задоволни од последните резултати и во Мотеги ќе испробаме други опции“ - Валентино Роси

Валентино Роси и неговата екипа од Monster Yamaha ќе продолжат со напорната работа во обид да се искачат на подиумот. Неуспехот на Италијанецот да се најде на подиумот се искачи на дванаесет трки – серија која е најдолга по онаа која ја имаше во Ducati во 2011 година. Во моментов, тој е во опасност да го загуби и шестото место во генералниот пласман.

Французинот Фабио Куартараро заостанува само два поени во однос на Роси. На последната трка Роси заврши на осмото место со заостанување од дури 20 секунди зад победникот Марк Маркез.

„Во текот на последните три трки ќе се обидеме да ги надминеме проблемите со мотоциклот“, изјави Роси во пресрет на трката во Јапонија. „Очигледно е дека не сме задоволни од последните резултати и во Мотеги ќе испробаме други опции.“

„Мотеги е патека која ми се допаѓа и ќе се обидам да постигнам добар резултат.“

 DSC3297

Минатата сезона Роси на оваа патека заврши на шестото место и беше најдобриот возач на Yamaha. Последен пат на пиедесталот во Јапонија се искачи во 2015 година.

Тимскиот директор Масимо Мерегали изјави: „Традиционално, Мотеги не е добра патека за нас но ќе работиме напорно за да постигнеме добар резултат. Решени сме да имаме добар настап пред Јапонските фанови кои секогаш не подржуваат.“

Неговиот тимски колега, Маверик Вињалес во моментов е најдобриот возач на Yamaha во генералниот пласман и се наоѓа на четвртата позиција. На последните четири трки, тој три пати се искачува на подиумот.

За време на трката во Бурирам, деветкратниот шамопион изјави дека по завршувањето на сезоната ќе ја прекине соработката со досегашниот шеф на неговиот тим, Силвано Галбусера и во иднина ќе соработува со шефот на VR46 Moto2 тимот, Давид Муњоз.

Back To Top