Валентино Роси ќе ја пропушти трката која викендов се вози на патеката Арагон во Шпанија откако излезе позитивен на тестирањето за Ковид 19 вирусот.

„Лут сум и тажен бидејќи ги почитував сите протоколи!“ - изјави Роси откако ги доби резултатите за Ковид 19 на кои се покажа дека Докторот е позитивен на вирусот.

 DSC3828 copy copy copy

Валентино Роси е првио возач кој е позитивен на Ковид 19 и кој е приморам да пропушти трка заради тоа. Освен трката која се вози овој викенд извесно е дека Роси ќе ја пропушти и следната која за 7 дена се вози на истата патека. Роси е следниот од тимот на Јамаха кој нема да биде присутен на Град При-то, откако на минатата трка во тимот недостасуваа 6 инженери како и лидерот на проектот М1, Такахиро Суми.

Лошата сезона за Роси продолжува откако остана без поени на последните три трки и во моментот е на 13-та позиција во шампионатот. Пред Валентино Роси единствен позитивен на Ковид 19 беше Хорхе Мартин кој во Мото2 ги пропушти двете трки во Мизано.

Сега откако е јасно дека Роси нема да настапи на следните две трки, останува прашањето дали Јамаха ќе се одлучи за негова замена, можеби ќе го видиме Хорхе Лоренцо?

Back To Top