„Денешната сесија беше позитивна за нас. Многу сум среќен, особено затоа што користевме различни подесувања“ -Валентино Роси

rossi-46-herez

„Денешната сесија беше позитивна за нас. Многу сум среќен, особено затоа што користевме различни подесувања“ -Валентино Роси

Валентино Роси ја прекина предсезонската доминација на Дани Педроса и Хорхе Лоренцо на вториот ден од последниот MotoGP тест кој се одржа на патеката Херез во Шпанија.

Педроса и Лоренцо ги предводеа сите претходни официјални тестирања, вклучувајќи го и стартот во саботата на влажната патека во Херез кога Лоренцо беше најбрз.

Сепак, деветкратниот шампион Роси кој се врати во Yamaha по двете неуспешни сезони во Ducati-го имаше најдоброто време на сувата патека во неделата попладне.

Најбрзиот круг на Роси, кој изнесуваше 1м 39.525с,беше за неколку десетенки послабо од најбрзото време на патеката. На второто место беше Лоренцо со заостнување од 0.015с.  Крачлоу заврши на третото место, а Педроса беше четврти(+0.105с).

Настапот во неделата беше првиот на кој Роси заврши пред двојниот шампион Лоренцо откако повторно се врати во Yamaha минатиот Ноември.

„Тоа е навистина важно“- изјави Роси. „Многу сум среќен, не само поради позицијата туку и поради тоа што променивме некои од сетинзите за да го прилагодиме M1 на мојот стил на возење.“

„Многу е важно за нас да ги разбереме овие подесувања бидејќи можат да му помогнат на мојот стил на возење. Да го возам моторот подобро и да бидам по конзистентен.“

„Да се освои првата позиција со време од 39.5 е добро. Исто така е добро да се биде брз како Хорхе. Јас и мојот тим сме многу задоволни од темпото и мислам дека ќе продолжиме и понатаму да работиме на ист начин.“

“За утре, имаме нова шасија со некои мали разлики. И Хорхе и јас ќе ја пробаме.Се надевам дека ќе бидеме малку подобри.”

Тимскиот директор, Масимо Мерагали, потврди дека Роси и Лоренцо ќе одлучат која шасија ќе ја користат за трката во Катар, по последниот предсезонски тест закажан за понеделник.

„Имавме можност одлично да работиме на основата и постигнавме доста добри резултати. Сега сме подготвени да ги тестираме и најновите додатоци. Ќе ги потврдиме разликите помеѓу двете шасии и ќе одлучиме која да ја користиме во Катар.“

Back To Top