„Имавме шест месеци за целосно да креираме MotoGP тим. Ова е едноставно неверојатно“ -Разлан Разали, извршен директор на Sepang

Првиот MotoGP тест во  Јануари се оддржа без Малезиски возач и секако без Малезиски тим. Одете сега на крајот на сезоната, на трката во Валенсија, и ќе видите дека Хафиз Сиахрин стана првиот жител на оваа држава кој е дел од MotoGP а новиот Petronas Yamaha Sepang засилено се подготвува за своето историско деби.

За само шест месеци, овој проект од идеја прерасна во реалност.

Како се случи сето тоа?

Во центарот на сите настани е извршниот директор на Sepang, Разлан Разали, кој откако го договори настапот на Сиахрин во MotoGP, виде можност да го внесе својот тим во премиерната класа.Зборувавме со Разали за креирањет на тимот и целите кои возачите, Франко Морбидели и Фабио Куартараро ќе ги имаат во 2019 година.

Разлан, годината започна без Малезиски возач и Малезиски MotoGP тим. Дали мислевте дека и двајцата ќе бидат дел од серијата до крајот на годината?

sepang 6 months from motogp 2

„Како што кажавте, никој не ни помислуваше дека на првиот тест за 2019 година кој се оддржа во Валенсија, не само што Хафиз Сиахрин ќе се подготвува за својата втора сезона во MotoGP,  туку исто така дека ќе имаме и нов, Малезиски тим. Ова е неверојатно. Се уште сум многу возбуден. За време на тестот во Валенсија исто така се погоди и мојот роденден и морам да признаам дека не можев да посакам подобар подарок.“

Имавте јасна идеја каде сакате да биде Sepang во однос на новите проекти. Дали беше исто и со MotoGP тимот?

„Тое не беше целосно јасно. Отсекогаш ми беше голема желба но никогаш не се надевав дека е реално да се изведе. Бидејќи, пред се, ние сме само патека. Но сакавме да го развиеме мотоспортот во Малезија. Тоа отсекогаш ми била главната цел. А со текот на времето, развојната програма за возачите стануваше се поголема. Имавме и среќа што Хафиз премина во MotoGP а Petronas ни се приклучи како партнер во Moto3. После тоа имавме разговори со Карлос Езпелета, и тоа ни даде надеж дека во иднина би можеле да имаме тим во MotoGP. Потоа повторно разговаравме со Petronas и со Кармело кој уште еднаш ни потврди дека постои можност да бидеме нов тим во серијата.“

Кога беше направен првиот повик?

„Во Јуни. Имавме помалку од шест месеци да креираме нов MotoGP тим. Тоа е неверојатно.“

Некои би кажале дека е лудо да креирате нов тим за само шест месеци. Каде почнавте?

„Кога си помисливме дека тоа е можно да се изведе, најголема грижа ми беше кој би можел да управува со тимот. Раговарав со манаџерот на тимовите во Moto2 и Moto3, Јохан Штигефелт. Секако и за него од големо значење беше да сме дел од МotoGP . Но, моравме да бидеме реални во однос на неговото искуство и решивме да побареме некој кој има искуство во управување со MotoGP проект.  Јохан ги искористи свите контакти и дојдовме до името на Вилко Зеленберг(тренер на Маверик Вињалес и поранешен менаџер во WorldSBK и MotoGP). Првата личност која ја запознав со овој нов проект беше Вилко. Имавме средба со него и тој ни кажа дека ова би било нов предизвик со оглед на тоа дека долги години помина во Yamaha. Имавме првичен договор и потоа заминавме да разговараме со Лин Џарвис(директор на Yamaha Racing) и му кажавме дека од големо значење за нас е да го имаме Вилко во тимот. За среќа тој се согласи. После тоа и Рамон Форсада(шеф на тимот на Вињалес) ни се приклучи. Овие две личност заедно со Јохан ми дадоа надеж дека се ќе биде добро. Во првите шест месеци, Јохан балансираше со своите обврски меѓу планирањето на MotoGP тимот како и управувањето на Moto2 и Moto3 проектите. Вилко можеше да ни се приклучи само два дена во неделата а потоа им се враќаше на своите обврски во Yamaha. Но откако ги обезбедивме клучните луѓе, после беше лесно.“

sepang 6 months from motogp 3

Дали заедно одлучувавте кои ќе бидат луѓето во тимот?

„Таа обврска му ја препуштив на Јохан.Тој се разбира повеќе во ова. Долго време е поврзан со тркањето и ги познава правите луѓе.  Она што ми се допаѓа во овој тим е тоа што заедно работат луѓе од голем број на националности, не само меѓу возачите туку и меѓу останатите. Имам е луѓе од Германија, Холандија, Шпанија, Шведска, САД, Малезија, Велика Британија, Франција, Италија. Мислам дека ова е фантастично. И Yamaha ја препозна важноста на овој проект. Малку беше проблематично бидејќи после тестот во Валенсија моравме да промениме многу работи, си замина Tech3 а на нивно место дојдовме ние. Се дотогаш немав видено толку многу Јапонци облечени во сини маици на Yamaha како навиваат за нас. Тие многу им помогнаа на нашите луѓе и за еден ден успеавме да се најдеме на патеката. Тоа беше прекрасна глетка. “

Дали базата на тимот ќе биде во Европа?

„Да, ќе бидеме лоцирани во Белгија. Тоа е централниот дел во однос на логистиката за Европа. За ова разговаравме и со Yamaha и Petronas. И тие се задоволни со ваквата одлука.“

Какви се вашите кратки и долги цели во однос на MotoGP тимот?

„Ова е почеток на едно долго партнерство со Yamaha, Petronas и секако Dorna. Ние не сме екипа за еднократна употреба. Сакаме да бидеме сериозен тим кој долго време ќе се натпреварува во оваа серија. Секако, целите ќе ги остваруваме постепено.Во првата година, со Фабио ќе се обидеме да ја освоиме наградата „Дебитант на годината“. Тоа ни е првата цел. Во однос на Френки имаме големи очекувања. Тој е навистина сериозен возач. Сакаме да биде најдобриот независен возач и сметаме дека со мотоциклок кој ќе го има, ќе може да се натпреварува со фабричките тимови. Тоа ни е целта за првата година.  Истото се однесува и на тимот. Има голем број на екипи кои сакаме да ги победиме , но најпрво е тимот на Ерв Поншарал бидејќи имам облог со него. “

Back To Top