MotoGP

Што научивме од досегашните MotoGP тестови?

Honda е импресивна, Yamaha е конфузна, а состојбата во Ducati е микс на претходните две работи.

Следете нè на:

 

Маркез е во посебна лига

Актуелниот шампион Марк Маркез следната сезона повторно ќе биде главниот возач кој сите останати ќе се обидат да го победат. Барем тоа ни го покажа тестот во Валенсија, а оттогаш па се до денес, Шпанецот постојано го потврдува ова. Маркез е свесен дека неговата агресивност може да му помогне кога треба да извози најбрз круг но стратегијата на тимот сега се базира на оддржување на неговото темпо. Тоа веќе го испробаа на патеката во Малезија и го повторија и за време на настапот во Тајланд.

IMGP9430 copy copy

Засега, тој ја исполнува целта која си ја постави на крајот на минатата сезона:  Да има што е можно помалку падови. За време на шесте дена колку што тестираше, тој падна само два пати.

И покрај импресивното возење, внимателен во однос на Маверик Вињалес. Сепак, никој не се сомнева дека и оваа сезона тој е прв фаворит за освојување на титулата.

Андреа Довициозо засега е внимателен

Возачот кој минатата сезона заврши на второто место веќе демонстрираше дека е особено добар кога треба да се прочита како ќе се одвиваат работите на трката и во шампионатот. Довициозо веќе кажа дека му се допаѓа новиот „Desmosedici“ и до сега постојано се наоѓа меѓу најбрзите возачи. Сепак, ќе мораме да почекаме и да видиме каков напредок постигнала Honda во однос на моќта и брзината бидејќи овие две работи се најсилната страна на Ducati.

IMGP8246 copy copy copy copy

Доколку Honda се засили во таа област,  Довициозо ќе мора убаво да размисли особено на трките во кои моќноста на мотоциклот прави голема разлика. Ова прво ќе го видиме на патеката во Катар каде што Ducati отсекогаш бил брз.

Лоренцо прави еден чекор напред па еден назад

Хорхе Лоренцо задоволен ги напушти тестовите во Сепанг а дури успеа и да постигне неофицијален рекорд на патеката. Но настапот во Тајланд го врати назад во реалноста. На патеката во Бурирам, трикратниот Светски шампион ја виде негативната страна на својот мотоцикл, а за која смета дека оваа сезона е дури и зголемена. Во еден момент тој дури побара и повторно да настапи со мотоциклот од минатата сезона.

IMGP7816 copy

Шпанецот е свесен и дека неговата вредност во моментов не е иста со онаа кога одлучи да премине во Ducati и да му помогне на тимот да се бори за титулата. Во таа смисла, на Лоренцо ќе му биде навистина тешко да ги убеди своите претпоставени дека тој е незаменлив во тимот, особено доколку се знае дека неговиот тимски колега, Адреа Довициозо, заработува значително помалу од него, а има поголем број на победи.

Брзината на Зарко ја зголемува мизеријата на Yamaha

Возачот на Tech 3 Yamaha, Јохан Зарко, се чини дека е дел од групата на возачи кои би се бореле за место на подиумот доколку шампионатот започне овој викенд. Такво нешто не може да се каже за возачите на фабричкиот тим на Yamaha, Роси и Вињалес, кои едноставно не можат да ја постигнат истата брзина која ја постигнува Зарко со машината која е од пред две години. Во саботата се чини дека Вињалес успеа да го најде проблемот откако го постигна четвртото најбрзо време, но таквите претпоставки се покажаа како погрешни откако во неделата заврши како дванаесетти.

IMGP7460

Роси во меѓувреме смета дека неговите проблеми се поради електрониката иако по завршувањето на тестот во неделата изјави дека дел од проблемите на М1 е и однесувањето на задното тркало.

Без разлика кој е проблемот, на Yamaha и снемува време за да ги реши сите овие работи пред почетокот на првата трка која ќе се оддржи во Катар.

Ринс изгледа дека е подготвен

Откако имаа проблеми минатата сезона, изгледа дека Suzuki оваа година ќе имаат подобар настап, барем според она што досега го видовме. Возачот кој се чини дека ќе го предводи тимот во новата сезона е Алекс Ринс, кој после лошата дебитанстска сезона исполнета со повреди, е подготвен да го покаже целиот свој потенцијал. Suzuki работи напорно на подобрување на својот мотоцикл, а тоа го видовме и со новиот издув кој го испробаа во Малезија. На патеката во Тајланд пак тие испробаа неколку нови додатоци, а исто како и Ducati, и тие имаат три опции во однос на аеродинамиката.

Би можело да ве интересира

Неделата воопшто не изгледаше како ден на кој ќе се постави нов рекорд во Мото3 класата. Дождот предупредуваше да не се преземаат ризици и да се биде внимателен. Но Чан Онку се погрижи да се случи токму спротивното.

Последната трка од шампионатот ја одбележаа многуте падови, победата на Довициозо и подиумот на Алекс Ринс, а она што беше нај впечатливо беше успехот на Пол Еспергаро кој го донесе КТМ на третата позиција.

GRT Yamaha официјално потврди дека ќе му се приклучи на FIM Светскиот Супербајк шампионат во 2019 година, а Марко Меландри и Сандро Кортезе ќе бидат возачи на екипата.

Џонатан Реа уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите возачи откако постигна најбрзо време на првиот зимски тест кој се оддржа на патеката во Арагон. Пробувајќи го за прв пат  ZX-10RR опремен со новите спецификации, Реа беше за 1.5 секунди побрз од останатите возачи.

Три кратниот светскиот шампион беше именуван за член на MotoGP™ Legend а Шпанецот исто така за време на последната трка од сезоната која се вози во Валенсија ќе биде вклучен и во куќата на славните. Педроса, во 2003 година ја освои титулата во категоријата од 125cc а во 2004 и 2005 година титулата во 250cc. Тој е еден од најуспешните возачи во премиерната класа.

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.