Шесткратниот MotoGP шампион Марк Маркез ја заврши евалуацијата после операцијата која му беше направена во декември.

Repsol Honda објави кратко соопштение за состојбата на Марк Маркез.

„Денеска Марк Маркез ја посети болницата „Ruber Internacional“ каде му беа извршени редовни прегледи. Осумкратниот шампион во болницата пристигна шест недели откако му беше извршена операција на десната рака. Евалуацијата е добра и заздравувањето се одвива успешно. Тој ќе продолжи да ја прима специфичната антибиотска терапија а ќе има и рехабилитација која е специјално дизајнирана за него и неговата клиничка слика“, велат од Honda.

Маркез прв пат мораше да замине на операција откако ја скрши раката на првата трка од сезоната која се возеше во Херез. Мораше да се изврши и втора операција бидејќи пукна титаниумската плочка која му беше вметната.

Но после втората операција коската не заздравуваше како што треба а докторите препорачаа и трета операција. Таа беше извршена во декември минатата година.

 DSC4556 copy copy

Тестовите за време на операцијата покажаа дека раната која настанала од претходната повреда била инфицирана и поради тоа не можела да заздрави правилно. Од Honda велат и дека Маркез ќе продолжи да ги пие антибиотиците кои тогаш му биле препишани.

Од тимот велат и дека Маркез продолжува со рехабилитацијата но дека се уште нема посериозни тренинзи.

Неодамна, тест возачот на HRC, Стефан Бредл изјави дека не очекува Маркез да биде подготвен за MotoGP тестот во февруари. Но тестот кој требаше да се оддржи во Сепанг е откажан а првиот настап возачите ќе го имаат на почетокот на март во Катар.

Back To Top