MotoGP

Кејси Стонер се враќа на мотор за Aussie Speed Showdown

Пензионираниот, двократен MotoGP светски шампион Кејси Стонер ќе се врати на мотоциклистичката патека следниот месец (Март 9-10).

Следете нè на:

 

stoner-fullСтонер повторно ќе се качи на мотор и ќе вози на стаза, за прв пат по повлекувањето минатата година

Пензионираниот, двократен MotoGP светски шампион Кејси Стонер ќе се врати на мотоциклистичката патека следниот месец (Март 9-10).

Тој ќе учествува на Top Gear фестивалот во Сиднеј кој ќе биде воден од Џереми Кларксон, Џејмс Меј, „Стиг“ и Австралијката Шени Јакобсон. Трката се вика „The Aussie Speed Showdown“.

Стонер кој ќе вози Honda CBR 1000 ќе се натпреварува против Формула 1 возачот Марк Вебер кој ќе ја вози неговата Infinity Red Bull Racing формула и против четирикратниот V8 Supercar шампион Џејми Винкап кој ќе вози Red Bull Australia V8 Supercar. Трката ќе се одржи на стазата „Sydney Motosport Park“.

Стонер исто така ќе го предизвика и трикратниот V8 Supercar шампион Крег Лоундес во уникатен натпревар наречен „Fish out of Water“.  На оваа трка, поранешниот MotoGP возач ќе ја вози колата на Лоундес, Red Bull Racing Australia V8, а Крег ќе вози Suzuki GSX-R1000.

„Стонер против Вебер против Винкамп. Тројца од најбрзите возачи на Автралија ќе се натпреваруваат меѓу себе на Top Gear фестивалот“, изјави Кларксон.

Шени Јакобсон изјави дека ова е како мотоспорт олимпијада. „Јас мислам дека Вебер ќе победи и ќе освои златен медал. Но никој не треба да биде загрижен бидејќи ние нема да даваме медали. Она што ќе го дадеме се многу автомобили, многу бензин и одлична забава.“

Би можело да ве интересира

Еден од најинтересните модели кои ги видовме на мото шуто во Остин, Тексас, беше рачно изработениот мотоцикл на Revival Cycles наречен, Birdcage.

Викендов на патеката Серез во Грција се возеше втората рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам на кој настапија 6 македонски возачи.

Би сакал тогаш да го знаев она што го знам сега.

„Се обидовме да работиме на електрониката. Исто така најдовме и подобар баланс во споредба со минатата година. Мотоциклот работи подобро.“ - Валентино Роси.

Се повеќе и повеќе земји ширум светот сакаат да станат дел од MotoGP.

„Не е случајност и не се работи само за една трка. Од минатата година на патеките во Мисано и Арагон, постојано се наоѓаме блиску до подиумот“ – Давиде Бривио.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.