Со денешното соопштение тимот и официјално потврди дека Андреа Ианоне по крајот на сезонава нема да биде дел од тимот.

Сузуки Екстар тимот ги потврди шпекулациите кои кружеа во МотоГП падокот, Андреа Ианоне нема да биде дел од Јапонскиот тим по крајот на сезонава. По тешкиот почеток на соработката во 2017 година, оваа сезона се чинеше дека Италијанецот ќе блесне во сиот сјај откако забележа два последователни подиуми во САД и Херез.

29 andrea iannone ita ds53570.big

Сепак по трката во Муџело минатиот викенд возачот изјави дека ова за него ќе биде последна сезона во екипата на Сузуки.

Денеска тимот тоа и го потврди, оставајќи го отворено прашањето каде ќе продолжи Ианоне, и кој ќе го замени како тимски колега на Алекс Ринс. Она што на големо се шпекулира е дека Хуан Мир ќе биде новиот возач на Сузуки.

Back To Top