Според нашите информации, во МотоГП се подготвува едно од поголемите изненадувања во изминатиот период, Давиде Бривио следната година ќе го предводи тимот на Сузуки.

brivio-rossi

Според нашите информации, во МотоГП се подготвува едно од поголемите изненадувања во изминатиот период, Давиде Бривио следната година ќе го предводи тимот на Сузуки.

Бривио имаше одлична кариера во Јамаха, тим со кој на различни начини соработуваше цели 19 години, се до 2010 кога заедно со Валентино Роси, го напушти тимот. Бривио е одговорниот човек за преминувањето на Роси од Хонда во Јамаха во 2003-та година, за на крајот од 2010, да замине заедно со него како дел од тимот на Роси во Дукати.

Односите на Бривио и Роси отсекогаш беа одлични, Бривио како шеф на Јамаха тимот нескриено го поддржуваше Докторот во тимот, пред останатите совозачи, вклучувајќи го и Хорхе Лоренцо.

Информациите кои ги добивме говорат за пресврт во настаните, за Бривио враќањето на Роси во Јамаха е вистинскиот избор, но негова цел во кариерата е повторно да предводи голем тим, па враќањето на Сузуки во МотоГП ќе му го овозможи тоа.

Информацијата ни ја потврди близок соработник на Бривио но останува да почекаме во периодот кој следува и официјално да биде потврдена веста.

Back To Top