Фабио Куартараро постигна второ најдобро време со прототип моторот на Yamaha на тестот во Херез. На крајот тој заврши со заостанување од 0,754 секунди зад Маверик Вињалес. Франко Морбидели вели дека новиот мотор се уште ја има душата на Yamaha.

Откако тринаесет пати стартуваше од првиот ред во својата прва MotoGP сезона, сите очекуваме сега Фабио Куартараро да биде меѓу возачите кои имаат најдобри резултати. Возачот на Petronas постигна второ најдобро време, веднаш зад Маверик Вињалес, на првиот ден од тестот во Херез.

Французинот, кој стартуваше од пол позицијата на трката која се возеше на оваа патека во мај, вели дека поради комбинацијата на нови делови, црвеното знаме и дождот кој паѓаше на патеката, не бил во можност да постигне уште подобар резултат.

„Веќе знаеме зошто постигнавме ваков резултат“, изјави Куартараро. „За разлика од нас, Маверик веќе го тестираше новиот мотоцикл на патеката во Валенсија.“

„За нас ова беше прв тест и испробавме нов прототип. Секако дека не е лесно да сте брз кога имате нови делови на вашиот мотоцикл.“

„Кога ги монтиравме новите пневматици, на патеката се појави црвеното знаме. После тоа почна да врне. Дури од трет пат успеавме да извозиме неколку кругови. Но секој пат кога повторно излегувате на патеката, пневматиците не се во најдобрата состојба.“

„Но имавме добра брзина со старите гуми. Извозев триесетина кругови и мислам дека бев за неколку десетинки побавен на моето најдоброто време. Сметам дека тоа е многу позитивно.“

 DSC3950 copy copy copy

Иако Куартараро и Морбидели имаа нов мотор, сепак ја немаа новата воздушна кутија како и најновата рамка која ја користат возачите на фабричкиот тим.

„Поголем дел од денот возевме со новиот мотор“, потврди Куартараро. „Тешко ни беше да го разбереме. Поголемиот дел од годината возевме со друг мотор. Кога добивате нова машина ви треба време да се навикнете. Ви треба повеќе време за да работите на електрониката.“

„Утре најважно ќе биде да поставиме добра основа. Се уште не сме навикнати на новиот мотоцикл. Брзината е добра но има простор да се подобриме.“

Куартараро постигна најдобро време на минатонеделниот тест во Валенсија кога за прв пат ја проба новата шасија на Yamaha. На вториот ден заврши на втората позиција.

Франко Морбидели постигна петто најдобро време (+0.986) додека пак Валентино Роси се најде на четиринаесетата позиција (1.628).

„Ги испробав новите спецификации и имав поинакво чувство“, вели Морбидели во однос на новиот мотор. „Ми делува дека е малку побрз. Мислам дека има поголема моќност во четврта и петта брзина и токму тоа ни требаше. Сега треба да ги анализираме податоците кои ги собравме.“

„Моторот се однесува поинаку, особено на правецот и додека се приблужуваме до свиоците. Затоа треба да се прилагодиме. Тој се уште ја има душата на Yamaha и е навистина добар. Успеавме да ја задржиме брзината која ја имаме при влегување во свиоците и навистина сум среќен поради тоа.“

Нови промени кај моторот очекуваме да видиме на тестот во Сепанг кој ќе се одржи во февруари.

Back To Top