Валентино Роси за брзо време го заборави слабиот настап во неделата и имаше позитивен крај на MotoGP тестот откако реши да се врати на спецификациите со кои настапи на патеката во Сепанг.

После бавниот и тежок ден на патеката во Катар, Валентино Роси и Yamaha одлучија да се вратат еден чекар назад а потоа силно да притиснат на последната вечер од тестовите во Катар.

За време на вториот ден, Роси беше на деветнаесетата позиција. Но, промената на пристапот кон тестот му помогна на Италијанецот да заврши на четвртата позиција.

Rossi Qatar Txt 1 26 02

„Никогаш нема да бидете доволно подготвени. Но денеска беше добро, работевме на вистинскиот начин“, изјави Роси.

„Вчера работевме напорно и испробавме многу работи. Можеби дури и премногу. На крајот го загубив чувството на мотоциклот. Не можев повеќе да притискам. Вчера беше навистна тежок ден.“

„Но денека се вративме еден чекор наназад и применивме неколку од работите кои ги употребивме на тестот во Сепанг. Веќе се чувствував подобро на мотоциклот.“

„Бев навистина добар со тркачките пневматици. Темпото кое го имав беше добро и задоволен сум од резултатот. Но мислам дека ни треба нешто повеќе за да можеме да се бориме за победа. Она што го направивме денеска беше доволно, но ќе видиме каква ќе биде ситуацијата за две недели. “

На тестот во кој сите мотоцикли на Yamaha беа меѓу шесте најдобри на патеката, Роси имаше заостанување од само 0.443 секунди зад лидерот Маверик Вињалес. „Докторот“ признава дека М1 е навистина добар со новите пневматици но вели дека тие не се од голема корист за да има добро темпо во текот на целата трка.

„На тестот во Катар, голем број од мотоциклите на Yamaha се најдоа на врвот. Тоа е добро и значи дека сме брзи со новите пневматици. Но мислам дека во однос на темпото се уште заостануваме.“

„Маверик е многу добар и тоа е позитивно за Yamaha. На крајот тестот заврши добро но ќе видиме што ќе се случи следната недела.“

Rossi Qatar Txt 2 26 02

Вињалес исто така изрази сомневање во однос на забрзувањето на мотоциклот но Роси вели дека тоа не е ништо ново и дека ќе можат да се справат со тоа.

Во однос на развојот на 2019 M1, после првата сезона во тимот на Yamaha која ја заврши без победа, Роси вели: „Искрено, на последните два теста од сезоната 2018 немавме премногу работи што треба да ги тестираме. Но оваа година во Сепанг, Yamaha работеше во текот на зимата и имавме добар резултат. Иако не бев премногу брз, сепак задоволен бев од темпото.“

„Имаме напредок но сметам дека се уште можеме да се подобриме особено доколку сакаме да се бориме со фабричките мотоцикли на Honda и Ducati“.

„Мислам дека Маверик е во одлична форма и многу добро вози. На двата теста тој беше меѓу најдобрите возачи. Исто така добар е и Ринс а се чини дека голем напредок има и Suzuki бидејќи и Мир е навистина брз.“

„Тука секако се и фабричките мотоцикли на Ducati. Довициозо е секогаш брз на патеката во Катар а Петручи беше навистина импресивен на тестот. Да не го заборавиме и Маркез. Според мене, овие возачи ќе се борат за победа.“

Back To Top