Фабричкиот тим на Јамаха на денешниот настан ги претстави мотоциклите со кои Маверик Вињалес и Валентино Роси ќе се натпреваруваат во МотоГП шампионатот оваа сезона.

Во боксот на тимот на патеката Сепанг во Малезија пред почетокот на првиот пред-сезонски тест тимот на Јамаха ги претстави новите мотоцикли. 

 gp 1859.gallery full top fullscreen

Девет кратниот Светски шампион и двојниот победник од 2019 година ги облекоа кожните одела за да позираат пред новите мотоцикли кои имаат скоро идентични бои како и минатата сезона.

Тимот на Јамаха со денешното претставување им се приклучи на Дукати, Хонда, Сузуки и Петронас кои веќе ги објавија своите мотоцикли за претстојната сезона.

Back To Top