Роси направи грешка и заврши на петата позиција. Ринс и Вињалес се искачија на подиумот, Довициозо беше четврти, а Лоренцо седми.

„Никогаш не е досадно во Асен“. Ова би можело во иднина да биде новиот слоган на трката. А можевме и да претпоставиме дека не чека возбудлива трка со оглед на интересната квалификациска сесија каде што возачите ги делеа само неколку десетинки. Оние што присуствуваа на патеката можат да се се сметаа за среќни бидејќи ќе можат да им раскажуваат на своите внуци дека биле дел од „Асен 2018“.

marquez2

Во центарот на случувањата беше Марк Маркез кој се врати на победите. Шпанецот, кој на почетокот на трката се бореше со Ринс и Лоренцо, ризикуваше да излета надвор од патеката после дуелот кој го имаше со Вињалес. Сепак, на крајот успеа да се врати во игра. „Уште пред да почне трката знаев дека ќе биде компликувана,“ изјави Маркез. „Затоа одлучив да почекам. Успеав да се справам со ситуацијата и да освојам поени.“ Ова за него беше важна победа во борбата за титулата со оглед на тоа дека Роси мораше да се задоволи со петото место. „Докторот“ сега заостанува 41 поен зад Шпанецот.

Роси сигурно ќе биде разочаран со оглед на тоа дека на пет круга до крајот на трката заедно со Андреа Довициозо се бореа за победа. Двајцата возачи тогаш лошо влегоа во свиокот број 1 со што ја испуштија шансата за место на подиумот. Ова сигурно е големо разочарување за двајцата Италијанци кои беа многу блиску до места на подиумот.

А двајцата возачи кои извлекоа најголема корист од грешката на Италијанците беа Алекс Ринс и Маверик Вињалес. Ова беше одличен ден за возачот на Suzuki со оглед на тоа дека Андреа Ианоне заврши надвор од листата на најдобри десет возачи на трката. „Фантастична, неверојатна трка. Една од најтешките во мојот живот, особено после проблемите кои ги имав на почеток на трката,“ изјави Алекс. „Во контактот што го имав со Маркез, ми стана јасно колку само се силни MotoGP возачите. Но и ние можеме да бидеме брзи.“

Вињалес, кој беше најбрзиот M1 возач на трката, исто така има причина за прослава. „Мислев дека можам да дојдам до победа но за жал после борбата со Марк, гумата беше премногу оштетена на десната страна. Мотоциклот сѐ уште не е на потребното ниво, но се движиме по вистинскиот правец.“

На крајот беше помалку чудно да не видиме мотоцикл на Ducati на подиумот. Хорхе Лоренцо мораше да се задоволи со седмата позиција и беше веднаш зад Кал Кратчлоу. Шпанецот првите единаесет круга беше во водство но за жал неговите пневматици не издржаа до крај. Исто така на почетокот на трката имаше и мал инцидент со Роси кој удри во задниот дел од неговиот мотоцикл. Разочарувачка трка имаше и Данило Петручи кој кон средината на трката излета надвор од патеката.

Зарко, Баутиста и Милер ги заокружија првите десет места. Алеш Еспаргаро беше тринаесетти додека пак неговиот брат, Пол, заврши на четиринаесетото место.

Back To Top