MotoGP

Triumph ја носи Moto2 серијата поблизу до MotoGP

„Ќе биде подобро за сите, секако тука е и Moto2 серијата, доколку го имаат овој нов стил на возење - Moto2 се доближи еден чекор поблиску до MotoGP  со новиот 765cc Triumph мотор“

Следете нè на:

 

Moto2 возачите за време на тестот во Херез  за прв пат ги пробаа новите тркачки мотори на Triumph како и Magneti Marelli електрониката. Поголемата моќност која ја обезбедува 765cc triple- во споредба со неговиот претходник 600cc четири – цилиндричните мотори на Honda беше главна тема на разговор.

Оние кои најдобро можат да ја направат споредбата се Сем Ловс и Томас Лутхи, единствените возачи кои се дел од Moto2 а кои во минатото беа дел од MotoGP.

„Брзината која ја имаме додека сме внатре во свиокот е послаба но брзината при влегување и излегување од свиок е многу поголема“, вели Ловс кој во сезоната 2019 ќе настапи за Gresini and Kalex.

„Не е сосема ист како MotoGP моторот но има одредени сличности“, изјави Ловс кој во MotoGP сезоната 2017 беше дел од тимот на Aprilia. Англичанецот, кој го имаше второто најбрзо време на тестот изјави дека е добро што мотоциклите имаат поголема моќност.

moto2 motogp 2

„Со моторот на Honda, повеќе или помалку сите возачи се движеа по иста линија. Сега е сосема поинаку. Мислам дека тоа ќе биде добро за целото натпреварување. Исто така сметам дека тоа ќе биде подобро и за фановите бидејќи ќе има повеќе акција.“

Лутхи, кој во сезоната 2018 настапуваше за MotoGP тимот на Marc VDS Honda се враќа во серијата откако потпиша договор со тимот Dynavolt Intact.

„И јас си помислив дека Moto2 сега ќе биде многу поблиску до MotoGP, но за да го постигнеме тоа ни треба поголема брзина во свиоците. Но во секој случај, сметам дека е добро што се вратив во оваа серија бидејќи за разлика од поранешните 600cc мотори на Honda, новите мотори имаат многу поголема моќност.“

„Искрено, бев импресиониран од моторот. Зборував со Сем и тој го дели истото мислење.Но навистина е тешко да се контролира моторот. Треба да бидете особено внимателен при излегување од свиок.“

„Мислам дека тоа е единствениот проблем кој го забележавме. Навистина е тешко да се контролира мотоциклот. Мораш да бидеш многу смирен со гаста. Но работите се се уште нови и треба да најдеме добра основа за да можеме да имаме подобра контрола.“

Алекс Маркез, за кого ова ќе биде петта сезона во Moto2 серијата исто така смета дека гаста ќе игра голема улога во однос на стилот на возење.

„Гаста кај овој мотоцикл е многу поинаква отколку на моторите на Honda. Затоа и стилот на возење е променет“, вели Маркез кој претходно тестираше MotoGP мотоцикл.

„Добро е бидејќи стилот многу повеќе одговара како да е MotoGP мотоцикл. Јас лично морам да се променам бидејќи неколку сезони во Moto2 возев со мотор на Honda. Ќе биде тешко на почеток но малку по малку работите ќе се променат.“

„На крајот, сметам дека ова ќе биде добро за сите кои се дел од серијата. Мислам дека сите се задоволни од ваквата одлука.“

Неговиот нов тимски колега, Чави Виерге е еден од тие возачи.

„Чувството е навистина добро. Ова е добар предизвик. Моторот е неверојатен. Чувствувам многу поголема моќност од средина на свиокот па се до излезот и тоа е добра промена. Со моторите на Honda сите имаа добра брзина во свиоците. Но со овој мотор работите се малку поинакви. Треба да го прилагодиме нашиот стил на возење. “

Исто како и Ловс, и Виерге забележа разлики кај новиот мотор.

„Имам подобро чувство на задното тркало и мислам дека тоа не се лизга премногу лесно. Треба подобро да разбереме како функционира ова.“

Дел од проблемот би можело да биде и новиот електронски пакет кој обезбедува неколку различни опции. Иако тие се базираат на стандардниот Magneti Marelli систем кој се користи во MotoGP, опциите кои се достапни во Moto2 се лимитирани.

„Мислам дека малку по малку ќе се отвораат повеќе можности,“ вели Маркез. „Мислам дека тоа најпрво ќе се случи кај моторното сопирање бидејќи во моментов во тој дел сме многу лимитирани.“

„Како што вели Алекс, во моментов не можеме да направиме премногу работи, “ се согласува и Виерте. „Имаме по три сетинзи за секој дел , но во текот на целиот ден , јас користам еден.“

„Електрониката е навистина интересна но е далеку од можностите кои ги нуди во MotoGP серијата,“ вели Лутхи. „Од една страна сум среќен поради ова бидејќи MotoGP станува навистина комплициран а со тоа е многу поскап.“

moto2 motogp 3

„Но добро е кога имаме промени во Moto2. Се надевам дека електрониката ќе биде многу поотворена за да можат сите тимови да го покажат својот потенцијал. Мислам дека тоа ќе биде добро.“

„Ќе ти даде повеќе можности“ , вели Ловс.„Но овој случај треба да имаш и добар тим во кој работат паметни луѓе“.

Севкупно гледано, Лутхи смета дека ова е ветувачки старт кој ќе направи многу промени во серијата.

„Навистина е импресивно нивото на кое се наоѓа овој нов проект. Сите тимови се навистина компетитивни а времињата помеѓу возачите се многу слични. Ова покажува дека сите тимови работат навистина професионално.“

Но што е со дебитантите кој од 250cc Moto3 машина преминуваат на моторот на Triumph?

„Уживав од првиот па се до последниот круг“, изјави новиот возач на тимот Tech3 KTM Марко Безеки. „Брзината во свиоците е сосема различна но и во двете категории мора силно да притиснете на сопирачката. Разликата помеѓу двете серии е во тоа што во Moto2 треба подолго да ја држиш притисната сопирачката иако имаш чуство дека веќе можеш да ја пуштиш.“

„Кај Moto3 треба да бидеш многу повнимателен доколку сакш да имаш поголема брзина во свиоците бидејќи тркалата се помали.“

Безеки вели дека експериментирал со неговиот тил на возење.

„Понекогаш е многу поважно како возите отколку дали имате направено некакви модификации на пример на вилушката. Се обидов да ја префрлам мојата тежина напред за да има поголем притисок предниот дел од мотоциклот.“

„Вообичаено кога влегувам во свиоците не го допирам асфалтот со мојот лакт. Тоа не е мој стил. Но сега гледам дека на некои делови треба и тоа да го направам.“

Неговиот тимски колега, кој исто така е дебитант во оваа серија, Филип Етл, исто така се обидува повеќе да се навалува со овој мотоцикл.

„Навистина е интересно. Добра е промената да возам со толку моќен мотоцикл. Во минатото возев само во Moto3  а еднаш настапив и со Honda мотоцикл кој беше дел од Moto2 серијата. Стилот на возење е сосема поинаков. Мораш многу повеќе да го навалиш мотоциклот. Ова влијае многу на стилот на возење. Забавно е а во исто време учам и нови работи“, вели Етл.

„Во Moto3 секое движење влијае на мотоциклот но тука е поинаку бидеќки тој е многу потежок. Мислам дека главната грижа сега е влегувањето во свиоците. Сопирањето е од голема важност.“

Иако Moto2 мотоциклот е помалку чувствителен да движењето, Германецот вели дека забележал дека колку помалку го оптеретува мотоциклот, толку подобро време постигнува.

„Кога возите треба да бидете многу повеќе смирен и опуштен за да постгнете подобар резултат. Понекогаш ми изгледа како да не правам ништо а врмето кое го постигнувам е се подобро“ , вели Етл.

„Затоа е големо изненадување кога ќе притиснете на сопирачката а резултатот е послаб. Тоа е многу тешко да се разбере. Но, треба да најдете добар баланс.“

Безеки има искуство со 600cc машина додека беше дел од VR46 академијата но вели дека мотоциклот кој го користеле има многу повеќе сличности со Moto3 мотоциклите.

„Во однос на тежината е сличен со Moto2, но кога станува збор за стилот на возење како и карактеристиките на моторот, многу е сличен со Moto3“, објасни Италијанецот.

„Moto2 мотоциклот е многу поагресивен во споредба со R6. Затоа сметам дека Moto2 е сосема различно.“

Етл засега не е сигурен каков вид на тренинг најмногу ќе му помогне за да има подобар настап во новата Moto2 категорија.

„Прво треба да разберам како функционира моторот. Можеби во текот на зимата ќе возам неколку потешки мотоцикли за да можам полесено да се прилагодам.“

moto2 motogp 4

За Безеки, како и поголем дел од KTM Moto2 возачите, најголем проблем беа вибрациите кои ги правеше мотоциклот при излегување од свиок.

„Понекогаш е добро но понекогаш не. Но при сопирањето секогаш го имам истиот проблем. Минатата година имав ваков проблем на почетокот а особено за време на зимските тестови. Тогаш успеавме да најдеме решение. “

„Испробавме многу работи но засега немаме решение за овој проблем. Се уште имаме време а можеби и мојот стил на возење има некаква поврзаност со ова.“

Времињата кои возите ги постигнаа на првиот тест со новиот мотор беа подобри во споредба со 600cc Moto2 официјалните резултати. Првиот тест за сезоната 2019 ќе се оддржи на патеката во Херез во Фебруари.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Марк Маркез успеа да стигне до нова победа а поради грешката на неговиот тимски колега, трката не успеаа да ја завршат Андреа Довициозо и двајцата возачи на Yamaha.

„Голема штета“ – Валентино Роси беше соборен од мотоциклот на Хорхе Лоренцо.

„Ако гледате отстрана, ќе видите луѓето како велат што прави Лоренцо? Но јас не размислувам така.“ – Хорхе Лоренцо пронајде неочекуван сојузник во Марк Маркез по трката во Каталуња.

На ред е седмата рунда од МотоГП шампионатот која викендов ќе се вози на патеката Каталуња во близина на Барселона.

Валентино Роси вели дека нема причина за загриженост околу неговата иднина во Премиерната класа и покрај тоа што го имаше можеби најлошиот викенд во неговата 23 годишна кариера.

Нашите извори од MotoGP гаражите откриваат дека би можело да има големи промени на патеката во сезоната 2020.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Gradski Bazen Kumanovo
  • bul.Oktomvriska Revolucija, 1300 Kumanovo

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.