thumb_2012-lorenzo-2Првото возење на новиот YZR-M1 за Хорхе Лоренцо и Бен Спиз во 2012 се покажа како одлично за тимот на Јамаха. Првиот ден од тестирањето во Сепанг го одбележа најдоброто време на патеката поставено од Хорхе Лоренцо, а неговиот клубски колега Бен Спиз денот го заврши на четвртата позиција.

2012-lorenzo

Првото возење на новиот YZR-M1 за Хорхе Лоренцо и Бен Спиз во 2012 се покажа како одлично за тимот на Јамаха. Првиот ден од тестирањето во Сепанг го одбележа најдоброто време на патеката поставено од Хорхе Лоренцо, а неговиот клубски колега Бен Спиз денот го заврши на четвртата позиција. Денешниот ден тие го искористија за навикнување на новиот мотор, а веќе од утре ќе започнат со тестирање на нови параметри кои ќе им помогнат пред вториот тест кој ќе се одржи на Сепанг за еден месец.

2012-lorenzo-2

Хорхе Лоренцо по завршувањето на тестот изјави: „Многу сум задоволен од денешниот ден. Како за прво возење на моторот по подолго време, навистина ова беше позитивно искуство. Јамаха работеше многу напорно во текот на зимата за овој М1, веднаш увидов како треба да го адаптирам мојот стил на возење за моторот и мислам дека имаме голем потенцијал. Има многу делови во кои можеме да се подобриме, па едвај чекам да продолжиме со тестирањата. Многу сум среќен што мојот прст е добар и воопшто не ми пречи во возењето!“.

2012-ben-spies

Бен Спиз исто така задоволен го заврши првиот ден од тестот: „Среќен сум, беше убаво да се биде повторно на моторот денеска бидејќи се немав качено на мотор уште од Валенсија. Секако дека не ми требаше долго да се вратам во ритам, па направивме и неколку мали промени кои го подобрија времето. Има уште многу работи кои можат да се подобрат во следните денови, а секако дека вториот тест ќе биде многу по значаен за нас, па ова за нас ќе биде навистина инспирирачки старт на сезоната. Јамаха вложи многу во новиот мотор, на нас останува да работиме секојдневно за да го постигнеме она што го сакаме.“

2012-ben-spies-2

Back To Top