MotoGP

Валентино Роси: Имам победено на 89 трки...

Валентино Роси вели дека се уште може да победува и дека нема потреба да го менува шефот на тимот.

Следете нè на:

 

Валентино Роси вели дека се уште може да победува и дека нема потреба да го менува шефот на тимот.

Валентино Роси вели дека и во минатото му се случило да има долга серија без победи но дека на крајот излегол како победник, потенцирајќи го притоа вкупниот број на победи кои ги има постигнато во кариерата.

Уште од Гран При трката која се возеше во Холандија во 2017 година, Роси се нема искачено на првото место на пиедесталот, а таа низа во моментов изнесува 36 трки. Претходно Италијанецот имаше уште една лоша серија која траеше 44 трки, од настапот на Филип Ајленд во 2010 година па се до Асен во 2013 година. Тука се вклучени и двете сезони кои ги помина во Ducati.

„Секако дека не ми се допаѓа ваквата ситуација но тоа ми се има случено досега и на крајот успеав да излезам како победник“ , вели Роси.

Докторот доминира на табелата во премиерната класа според бројот на победи или вкупно 89.  На второто емсто е Џакомо Агостини со 68 победи додека пак актуелниот шампион, Марк Маркез има 49 победи.

Rosi txt 1 17 07

Роси вели дека е задоволен од овој резултат но потенцира дека ќе даде се од себе тоа да се смени во иднина.

„Победив на 89 трки од MotoGP шампионатот.. Тоа воопшто не е лошо. Би бил задоволен и ако останам на таа бројка.“

„Но сигурно нема да се откажам бидејќи сум стар. И минатата година бев стар а исто така и пред пет години.“

Роси, кој ја загуби титулата во последната трка од сезоната 2015, ќе се обиде да стане само четвртиот возач во историјата кој со наполнети 40 години успеал да победи на една гран при трка.

Она што ја прави неговата ситуација уникатна е фактот дека од него се подобри други двајца возачи кои настапуваат со иста машина, фабричкиот возач на Yamaha, Маверик Вињалес и дебитантот од сателитскиот тим, Фабио Куартараро.

„Искрено, не мислам дека треба да се повлечам ниту пак дека немам доволно мотивација. Затоа не можам да ја разберам причината зошто оваа сезона сум 20 секунди побавен од минатата година“, изјави Роси по завршувањето на трката во Заксенринг каде што се најде на осмото место со заостанување од 19 секунди зад Марк Маркез.

„Можеме да се поправиме но морам да признаам дека очекував да бидеме подобри.“

Rosi txt 2 17 07

Иако Роси победи на трката во Асен во 2013 година кога се врати во Yamaha, на крајот тој заврши со огромно заостанување во однос на шампионот од таа сезона Хорхе Лоренцо.Тоа беше прва година како Роси завршува зад својот тимски колега на табелата.

Велејќи дека му е потребна голема промена, Роси ја прекина соработката со Џери Бургес и нов шеф на тимот му стана Силвано Галбусера.

Дали сега доаѓа во опасност и позицијата на Галбусера?

„Мислам дека нема да се случи тоа бидејќи работиме напорно, се чувствувам добро во тимот и долго време соработуваме“ , изјави девет кратниот шампион.

Италијанецот заврши на второто место на трките кои се возеа во Аргентина и Остин а не заврши три трки. Осмото место кое го освои во Германија го доведоа на петата позиција на табелата и се наоѓа веднаш зад Вињалес.

Шпанецот е единствениот возач на тимот кој успеал да победи на една трка по Роси во 2017 година. Тоа му успеа минатата сезона на трката во Филип Ајленд а победи и на трката во Асен која се возеше оваа година.

Договорот на Роси со Yamaha трае до крајот на 2020 година.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

„Ќе си заминам како човек кој е гладен да се врати“ - Јохан Зарко

Нашите пријатели од Холандија, Nieuwsmotor, само што ни ги испратија овие фотографии а на нив може да се видат два нови модели на Harley-Davidson, авантуристичкиот Pan America и спортскиот, Streetfighter.

Викендов се вози 12-та трка од МотоГП шампионатот на патеката Силверстоун во Англија.

„Возењето на еден круг на оваа патека е исто како да патувате од едно до друго место“ – Валентино Роси.

Хорхе Лоренцо ќе се врати на патеката овој викенд и ќе настапи на трката која се вози во Силверстоун.

Доколку мислевте дека Triumph работи напорно на подготовка на новите Scrambler и Speed Twin, тогаш имаме уште неколку нови информации за вас.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 24 Август 2019 - 24 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Прилеп

  • 31 Август 2019 - 01 Септември 2019
  • Патека Плевен
  • Долна Митрополија, Бугарија

  • 07 Септември 2019 - 09 Септември 2019
  • Република Македонија

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.