motori rossi hayden copyИмето на Валентино Роси секогаш се поврзува со крај на кариерата во Супербајк шампионатот, веројатно причината за ова е следењето на Докторот на сите трки и присуството на скоро секоја трка на патеката Мизано во Сан Марино од ВСБК.

rossi hayden

Името на Валентино Роси секогаш се поврзува со крај на кариерата во Супербајк шампионатот, веројатно причината за ова е следењето на Докторот на сите трки и присуството на скоро секоја трка на патеката Мизано во Сан Марино.

Следејќи ја втората трка на Донингтон Парк во неделата, тој на својот твитер профил напиша: „Che razza di gara la Superbike!Che bagarre,bravi tutti,peccato per le BMW all’ultima curva.“ (Каква Супербајк трка! Каква борба, сите се одлични, навистина штета за BMW во последниот свиок.).

Сепак неговиот следен твит беше она што ја разгоре имагинацијата на неговите следбеници, па откако напиша „Purtroppo le nostre gare sono diventate molto più noiose“ (За жал нашите трки станаа здодевни) тој мораше да испрати уште еден твит во кој ќе ја расчисти дилемата за својата иднина во МотоГП. „Ma,detto questo,io voglio correre in MotoGp per altri anni.ci vorrebbe solo un po’ più di bagarre,ecco tutto“ (Покрај се, сакам да се тркам во МотоГП уште неколку години. Потребни ни се повеќе дуели, тоа е се.)

Челниците на Супербајк шампионатот сеуште се надеваат дека лошите резултати во МотоГП ќе го натераат Докторот да премине во нивниот шампионат, но возачот на Дукати за сега нема таков план.

Back To Top