MotoGP

Валентино Роси предупредува дека разликата е преголема

Валентино Роси и Маверик Вињалес побараа од првите луѓе на тимот да ја зголемат брзината кај машината за сезоната 2020...Но, мали се шансите да се случи тоа.

Следете нè на:

Валентино Роси и Маверик Вињалес побараа од првите луѓе на тимот да ја зголемат брзината кај машината за сезоната 2020...Но, мали се шансите да се случи тоа.

Валентино Роси и Маверик Вињалес испратија предупредување до првите луѓе на тимот откако дојдоа до заклучок дека 2020 M1 е премногу бавен во споредба со своите ривали. Сепак, мали се шансите мотоциклот да добие значително подобрување пред стартот на новата сезона.

Тимот почна прв да работи на спецификациите на новиот мотоцикл и ова е веќе трета промена. Иако се најде на врвот на табелата по завршувањето на тестот во Херез, Вињалес вели дека екипата ги нема надминато проблемите кои ги мачеа изминатата сезона.

„Чувството е добро и постигнавме добар резултат. Но доколку не ја стартуваме трката од првиот ред, тогаш сигурно ќе имаме проблем“, вели Вињалес. „Тимот работи навистина напорно но денеска повторно можевме да видиме дека се побавни во споредба со Ducati. Мораме да работиме повеќе. Во некои делови сме навистина силни но кај некои делови сме исти како и минатата сезона.

„На некои патеки можеби ќе бидеме подобри, но тука во Херез, работите се исти. Мораме да се концентрираме и да се подобриме до следниот тест кој ќе се оддржи во Сепанг.“

 DSC3566 copy

Роси го поддржува мислењето на неговиот тимски колега. Ги повика првите луѓе на Yamaha да го подобрат моторот со цел да можат да се борат со Honda и Ducati.

„Мислам дека сме на добар пат во однос на новиот мотор, но се уште има разлика со останатите тимови. Тешко е кога губите 9/10 километри на час на правец. Има напредок но ни треба уште повеќе. Се надевам дека ќе се подобриме до стартот на следната година.“

Ова нема да промени многу работи пред се поради тоа што возачите и во минатото имаат изјавено слични работи. Тимот постојано се соочува со барања за подобрувања на моторот со цел возачите да можат да се борат за победа.

Производителот пак смета дека поголемата моќниост на мотоциклот ќе влијае врз шасијата која е супериорна во свиоците. Можеби поголем проблем би можел да биде Фабио Куартараро кој изјави дека не се чувствува удобно на мотоциклот со кој настапи на тестот во Херез. Сепак, тој настапи со машина која имаше спецификации за сезоната 2019. Најновиот модел ќе го испроба во февруари следната година.

Ваквите изјави сигурно ќе влијаат врз Yamaha која и онака во последниот период се наоѓа под притисок. Но и покрај сето ова, тие не успеваат да го решат проблемот кој ги мачи во последните неколку сезони.

Иако Вињалес и Роси се надеваат на промени, тимскиот директор Масимо Мерегали предупреди дека машината за следната сезона е речиси готова.

„Возачите секогаш бараат нешто повеќе. Ние веќе ги направивме промените кои ги имавме замислено. Мислам дека треба да ја подобриме максималната брзина и можеме да очекуваме да има подобрувања до тестот во Сепанг.“

„Но горе-доле, ова е основата на мотоциклот со кој ќе настапиме следната сезона.“

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

На ред е деветата рунда од МотоГП шампионатот која викендов ќе се вози на патеката Каталуња во близина на Барселона.

Започна одбројувањето до петтото издание на Distinguished Gentleman’s Ride, настан кој ќе се одржи на 27-ми септември.

Викендов се вози 8-та рунда од МотоГП шампионатот, домаќин повторно ќе биде патеката „Мизано Адриатико“ во Сан Марино.

По шест извозени трки во МотоГП шампионатот Андреа Довициозо е на чело на табелата со 76 освоени бодови.

Викендов се вози 7-та рунда од МотоГП шампионатот, домаќин ќе биде патеката „Мизано Адриатико“ во Сан Марино.

Во продолжение ќе ги најдете информациите за Австриската патека како и распоред за следење на МотоГП трката.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.