MotoGP

Валентино Роси веќе требаше да биде во пензија

Валентино Роси сега може само да се надева на борба за седмото и осмото место, вели поранешниот шампион Марко Лучинели.

Следете нè на:

 

Валентино Роси сега може само да се надева на борба за седмото и осмото место, вели поранешниот шампион Марко Лучинели.

Валентино Роси веќе требаше да се пензионира за да ги зачува името но и достигнувањата кои ги има постигнато во неговата кариера, смета легендата во MotoGP Марко Лучинели.

После неуспешната сезона 2019 во која само два пати се искачи на подиумот во споредба со неговиот тимски колега Маверик Вињалес кој постигна две победи и ривалот од сателитскиот тим, Фабио Куартараро, кој шест пати се искачи на подиумот, многумина повторно го поставија прашањето за иднината на Италијанецот во овој спорт.

Неговиот договор завршува по крајот на сезоната 2020 а наскоро можеме да очекуваме информации дали тој ќе биде продолжен или не. Претходното продолжување на договорот се случи околу март.

Во последниот период неколку поранешни возачи изјавија дека е време Роси да се повлече. Последен кој го кажа своето мислење е Марко Лучинели кој вели дека мали се шансите Роси повторно да се бори за титулата, пред се поради присуството на Марк Маркез на патеката но и на неколку други млади возачи.

„Мислам дека ќе беше многу подобро доколку Вале веќе беше во пензија. Тој може да вози до 50 години но ќе продолжи да се бори за седмото или осмото место. Роси кој сите ние го знаеме на секоја трка се бореше за победа.“

„Нема што да се каже во однос на Маркез. Тој е одличен наследник на Роси. Го гледаше, го копираше и ги подобри неговите резултати. Единствено е штета што не е Италијанец!“

 DSC5241 copy

Кој е Марко Лучинели ?

Еден од најуспешните возачи на Suzuki, Лучинели постигна шест победи во неговата 500GP кариера. Пет од нив дојдоа во 1981година кога ги победи Ренди Мамола, Кени Робертс и Бери Шин во борбата за титулата.

Откако премина во Honda не успеа да ги повтори истите резултати. Потоа имаше неуспешен настап и во Cagiva по што во 1988 година реши да се испроба и во WorldSBK серијата.

После една сезона во која постигна две победи, Лучинели одлучи да се повлече од тркањето и стана тимски менаџер во Ducati. Неколку години подоцна стана коментатор на Гран При трките.

Тој е еден од групата на Италијански возачи кои имаат 500GP/MotoGP титула. Покрај него тука се и Роси, Џакомо Агостини, Умберто Масети, Франко Унчини и Либерто Либерати.

Мислењето на Лучинели го дели и поранешниот прв човек на тимот на Роси, Џери Бургес кој смета дека е време Италијанецот да се посвети на нови проекти.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Сите знаевме дека ќе дојде време кога Ducati ќе креира „Superleggera“ верзија на Panigale V4.

Неизвесен настапот на Марк Маркез на првиот MotoGP тест. Актуелниот шампион се уште се опоравува по операцијата на рамото.

Скот Рединг вели дека титулата во BSB шампионатот му ја вратила страста за тркањето и дека сега сака да има одличен настап во Супербајк серијата.

Возачот на Aprilia MotoGP, Андреа Ианоне, кој се уште ја чека конечната одлука откако падна на допинг тестот, вели дека мотоциклизмот е неговиот живот.

Гигантот во производство на облека, Alpinestars, го претстави Tech-Air 5, елек кој има воздушно перниче и кој може да се носи под секоја јакна.

„Со нетрпение чекаме да видиме како ќе се покаже гумата. Очекуваме да се урнат неколку рекорди“, Пиеро Тарамасо, менаџер во Michelin Motorsport.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 22 Февруари 2020 - 22 Февруари 2020
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.