MotoGP

Вињалес најбрз на вториот ден од тестот во Сепанг

Вториот ден од пред-сезонскиот тест кој се одржува на патеката Сепанг помина во знакот на подобрувањата на Јамаха, Маверик Вињалес забележа време од 1м 58.897с и се искачи на врвот на провизорната табела.

Следете нè на:

 

Вињалес и Јамаха се искачија на врвот на вториот ден од првиот официјален МотоГП тест за 2019 година. Вињалес ја завзема првата позиција истиснувајќи го сонародникот Ринс и тимот на Сузуки. Трето најдобро време забележа Џек Милер од тимот на Алма Прамак Рејсинг.

12 maverick vinales esp dsc9272.gallery full top lg

Денот започна со најбрз резултат од Роси, за потоа Довициозо и Крачлоу да го превземат водството од час во час. Времињата кои ги поставија возачите се навистина блиски, па доколку ја погледнете табелата ќе забележите дека 19 возачи се во разлика од 1 секунда, односно беа се додека Вињалес не извозе фантастичен круг во кој направи неверојатни -0.527 од најдоброто време на Ринс.

Лоренцо е единствениот возач кој недостасува на патеката, а Маркез кој беше најбрз на вчерашниот тест денеска одлучи да го одмори рамото и го прекина тестирањето додека беше на петтата позиција, до крајот на денот неговиот резултат беше осми.

Очекуваме подобрување на времињата од сите тимови во текот на утрешниот трет и последен ден од тестото на Сепанг.

Поз ВозачТимНајбрз кругРазликаКругови
1   VIÑALES, Maverick Monster Energy Yamaha MotoGP 1:58.897   62 / 63
2   RINS, Alex Team SUZUKI ECSTAR 1:59.424 0.527 58 / 61
3   MILLER, Jack Alma Pramac Racing 1:59.517 0.620 48 / 49
4   DOVIZIOSO, Andrea Mission Winnow Ducati 1:59.562 0.665 19 / 60
5   CRUTCHLOW, Cal LCR Honda CASTROL 1:59.566 0.669 14 / 53
6   ROSSI, Valentino Monster Energy Yamaha MotoGP 1:59.625 0.728 8 / 51
7   RABAT, Tito Reale Avintia Racing 1:59.664 0.767 74 / 75
8   MARQUEZ, Marc Repsol Honda Team 1:59.790 0.893 5 / 37
9   PETRUCCI, Danilo Mission Winnow Ducati 1:59.845 0.948 11 / 65
10   NAKAGAMI, Takaaki LCR Honda IDEMITSU 1:59.966 1.069 57 / 60
11   ZARCO, Johann Red Bull KTM Factory Racing 1:59.973 1.076 56 / 58
12   BAGNAIA, Francesco Alma Pramac Racing 1:59.995 1.098 51 / 52
13   ESPARGARO, Aleix Aprilia Racing Team Gresini 2:00.101 1.204 9 / 54
14   QUARTARARO, Fabio Petronas Yamaha SRT 2:00.108 1.211 11 / 58
15   MORBIDELLI, Franco Petronas Yamaha SRT 2:00.151 1.254 56 / 58
16   BRADL, Stefan Honda Test Team 2:00.230 1.333 25 / 59
17   ESPARGARO, Pol Red Bull KTM Factory Racing 2:00.305 1.408 66 / 67
18   IANNONE, Andrea Aprilia Racing Team Gresini 2:00.510 1.613 21 / 39
19   KALLIO, Mika Red Bull KTM Factory Racing Test Team 2:00.523 1.626 4 / 41
20   OLIVEIRA, Miguel KTM Tech 3 Racing 2:00.672 1.775 7 / 61
21   MIR, Joan Team SUZUKI ECSTAR 2:00.876 1.979 17 / 64
22   ABRAHAM, Karel Reale Avintia Racing 2:01.245 2.348 9 / 56
23   TEST 1, Yamaha Yamaha Test Team 2:01.406 2.509 15 / 42
24   GUINTOLI, Sylvain Suzuki Test Team 2:01.654 2.757 3 / 45
25   SYAHRIN, Hafizh KTM Tech 3 Racing 2:01.859 2.962 39 / 53
26   TEST 2, Yamaha Yamaha Test Team 2:02.989 4.092 8 / 16
27   TSUDA, Takuya Suzuki Test Team 2:03.276 4.379 17 / 22
NC   SMITH, Bradley Aprilia Racing Factory Team      

Би можело да ве интересира

Ова е новата кацига на Nolan која ги задржува врвните карактеристики која ги имаше и нејзиниот претходник N44.

Шпанецот имаше за речиси половина секунда побрзо време од резултатот кој го постигна во понеделникот.

Суперкрос легендата и голем фан на MotoGP, Чед Рид, вели дека е лудо што никој во Гран При досега не експериментирал со „holeshot“.

Четири различни возачи ги освоија првите четири позиции на Филип Ајленд.

X-Lite X-803 Ултра Карбон е најспортската кацига на овој бренд.

Крузер линијата на Honda доби уште еден специјален модел за сезоната која престои. Станува збор за 2019 Honda Fury кој ќе се издвои од останатите модели по својот храбар дизајн и ретро изглед.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.