Маверик Вињалес го обнови договорот со фабричкиот тим на Јамаха во МотоГП шампионатот.

Шпанскиот мотоциклист Маверик Вињалес стави потпис на нов договор со Јамаха. 25-годишниот Каталонец ќе остане во јапонскиот тим  уште две години поточно до 2022. Со тоа беше ставен крај на сите шпекулации околу трансферот на Вињалес во редовите на Дукати.

vignales motogp brno

„За мене ова е важен момент затоа што се решени дилемите пред да почне новата сезона. Сега сум мотивиран за добри резултати во 2020 година“, изјави Вињалес кој со Јамаха досега оствари 6 победи во Мото ГП шампионатот, 19 пати се најде на подиумот, а имаше пет пол позиции за три години во кои два пати заврши на третото место во генералниот пласман (2017 и 2019) и еднаш беше четврти (2018).

Back To Top