Маверик Вињалес вели дека сега откако повторно го има потребниот ритам, ќе може да се бори за место на подиумот. Сепак признава дека се уште е потребен развој на мотоциклот на Yamaha.

Маверик Вињалес вели дека сега откако повторно го има потребниот ритам, ќе може да се бори за место на подиумот. Сепак, признава дека се уште е потребен развој на мотоциклот во пресрет на првата трка од сезоната.

Шпанецот имаше одлично деби во тимот на Yamaha пред две години откако најпрво освои пол позиција а потоа и победи на трката во Катар. Минатата сезона пак заврши на шестата позиција.

После победата на трката која се возеше на Филип ајленд кон крајот на 2018 година, Вињалес вели дека за време на зимските тестови повторно му се врати препознатливата форма.

Vinales Txt 07 03 copy

Вињалес исто така претрпе и промени во својата екипа. Естебан Гарсија го замени Рамон Форкада на позицијата шеф на тимот. Светскиот шампион од серијата 125cc во 2009 година, Јулиан Симон, ќе биде нов тренер на возачите.

„Крајот на зимските тестови беше многу позитивен. Чувствував дека сум многу брз за време на трите дена тестови во Катар. Затоа се чувствувам навистина позитивно во пресрет на првата трка. Оваа трка ќе биде навистина важна за да ги видиме резултатите од досегашната работа. “

„Во моментов нашиот мотоцикл има многу силни страни. Се чувствував многу добро додека возев со мотоциклот во текот на зимата. До лимитот го притискав М1. Во споредба со минатата година, се движиме напред. Мислам дека на многу добар начин го возам мојот мотоцикл. “

Вињалес го поддржа мислењето на Валентино Роси дека Yamaha има уште многу работа додека да дојде до добри резултати. Сепак, вели дека е можно да се бори за место на подиумот на првата трка од сезоната.

„Не чека уште многу работа но мислам дека во моментов сме доволно добри за да се најдеме на подиумот“, вели тој. „Мораме да продолжиме да работиме напорно и да се фокусираме на развој на мотоциклот.“

„Не можам да заборавам дека мојата првата GP победа со тимот на Yamaha ја постигнав тука. Имам многу добри сеќавања од оваа патека и тоа ми дава дополнителна мотивација.“

Back To Top