Одличната трка помеѓу Хорхе Лоренцо и Дани Педроза ја одбележа 12 рунда во МотоГП шампионатот. Борбата за првата позиција траeше од првиот до последниот круг, а Хорхе Лоренцо ја имaше предноста се до 10 круга пред кrајот кога Педроза успеа да го помине.
МотоГП: Пол позиција за Лоренцо на Брно
Пол позиција за актуелниот лидер во МотоГП шампионатот. Хорхе Лоренцо ќе стартува од првата позиција на утрешната трка на патеката Брно за трката од ГН на Чешка.
МотоГП: Кал Крачлоу го продолжи договорот со Теч3 за уште една година
На денешната прес конференција пред квалификациите за трката на Брно, Кал Крачлоу ги прекина шпекулациите за неговата иднина. Британецот и следната година ќе го гледаме во Јамаха Теч3 тимот, каде клубски колега ќе му биде сонародникот Бредли Шмит.
МотоГП: Педроса најдобар и на вториот тренинг во Брно
Повторно најбрзо време за Дани Педроса на вториот тренинг во Брно
МотоГП: Педроса со најдобро време на првиот тренинг
МотоГП: За Стонер шампионатот е завршен
Кејси Стонер нема да настапи на трката во Брно која се вози викендов откако денеска добил инструкции од лекарите да се врати во Австралија каде ќе му биде извршена операција на зглобот на десната нога.
Официјално: Довициозо во Дукати
Со денешното официјално соопштение од тимот на Дукати се комплетираа трансферите на шесте возачи во фабричките тимови на МотоГП шампионатот за 2013 година.
МотоГП: Хејден нема да настапи на Брно
Тимот на Дукати на трката која викендов се вози на патеката Брно за ГН на Чешка ќе настапи само со Валентино Роси.
МотоГП: Победа за Педроза на Индијанаполис
Трката на Индијанаполис започна по многу перипетии околу тоа дали Стонер, Спиз и Хејден ќе возат по тешките падови кои ги доживеаја на квалификациите, за на крајот единствено Ники Хејден да не го видиме на стартната линија.
МотоГП: Третиот тренинг повторно за Стонер
Стонер забележа најдобро време и на првиот тренинг пред трката за ГН на Индијанаполис на патеката во САД, а единствено Педроза успеа да забележи подобар резултат од него на вчерашниот втор тренинг.
МотоГП: Стонер со најдобро време на првиот тренинг
Кејси Стонер забележа време од 1:41.925 кое беше најдобро на првиот тренинг на патеката Индијанаполис пред трката која во недела се вози во 20.00 часот по наше време.
МотоГП: Победа за Стонер, Хондата беше пребрза за Јамахата на Лоренцо
Победа за Кејси Стонер на патеката Лагуна Сека во САД. Стонер успеа да симне 5 бода од предноста која ја имаше Лоренцо во генералниот пласман и со тоа да ја одржи неизвесноста во шампионатот.