- Банерот е успешно зачуван
- Напишано од: Motori.com.mk
Двократниот Светски шампион Кејси Стонер помина два дена во Јапонија со тестирање на новата Хонда со која Марк Маркез и Дани Педроса ќе се натпреваруваат во 2015 година.
Двократниот Светски шампион Кејси Стонер помина два дена во Јапонија со тестирање на новата Хонда со која Марк Маркез и Дани Педроса ќе се натпреваруваат во 2015 година.
Фантастичниот Марк Маркез дојде до 12-та победа во сезоната на патеката Сепанг во Малезија.
ФИМ ја објави провизорната листа на тимови и возачи за МотоГП шампионатот за 2015 година.
Валентино Роси забележа победа на трката во Австралија, Хорхе Лоренцо се искачи на второто место на пиедесталот, а Бредли Смит финишираше на третата позиција во трка во која Марк Маркез и Дани Педроса останаа без пласман.
Хорхе Лоренцо продолжува со одличната форма, денеска на патеката Филип Ајленд забележа најдобро време на двата тренинга пред трката за ГН на Австралија која се вози во недела.
По повод освојувањето на втората шампионска МотоГП титула на Марк Маркез, подготвивме галерија во која може да се видат почетоците на малиот Маркез кој прерасна во вистински МотоГП шампион.
Марк Маркез е новиот МотоГП шампион! По денешната трка на патеката Мотеги во Јапонија, Маркез на три трки пред крајот на сезоната има недостижен број на бодови со што ја одбрани титулата од минатата сезона.
На утрешната МотоГП трка на патеката Мотеги која се вози за „Мотул Гранд При на Јапонија“ од првата позиција ќе стартува возачот на Дукати, Андреа Довициозо, второ време забележа Валентино Роси со заостанување од само 0.055 од времето на Довициозо. Третото место во првиот ред му припадна на Дани Педроса.
Хорхе Лоренцо излезе како победник на хаотичната суво-мокра трка која денеска се одржа на патеката Арагон во Шпанија.
Марк Маркез ќе ја започне утрешната МотоГП трка на патеката Арагон од првата позиција по 11-ти пат во сезоната.
Домашната публика на патеката Мизано полуде откако нивниот миленик Валентино Роси ја забележа првата победа во сезоната, во трка во Лоренцо и Педроса се искачија на подиумот, а Марк Маркез освои само еден бод за 15-та позиција по падот кој го доживеа.
Втора последователна година Британското Гранд При беше местото на спектакуларен дуел помеѓу возачот на Репсол Хонда тимот Марк Маркез и возачот на Мовистар Јамаха тимот Хорхе Лоренцо. Оваа година Маркез беше човекот кој излезе како победник на Силверстоун, трка во која актуелниот Светски шампион го победи својот Шпански сонародник.