Светски познатиот словенечки производител на издуви за мотоцикли полни 25 години.

Приказната за Акрапович е сплет на неверојатна пасија и желба да се создаде најдобриот можен производ. Целата нивна досегашна работа може да се опише со еден збор: Перформанси.

Компанијата е основана во 1991 година од Игор Акрапович заедно со неколку негови пријатели, ентузијасти. Во текот на годините словенечката компанија постепено растеше и стана една од најпрепознатливите фабрики кои произведуваат издуви. Моментално, во неа работат 850 лица.

akrapovic 2016 7

На Игор му беа потребни шест години за да го им го понуди ултра лесниот, титаниумски издув на потрошувачите. Истата година доби и официјална потврда од Германија, откако беше тестиран од официјални лица на седумнаесет различни мотоцикли.

Следната година Акрапович вложи и успеа да обезбеди машина која му овозможи сам да ги изработува цевките. На тој начин тој можеше да внимава на квалитетот на материјалите што се употребуваат при изработката на конечниот производ.

akrapovic 2016

Резултатите дојдоа за многу кратко време. Во 2000 година пристигна и првата WSBK титула за Акрапович благодарение на Колин Едвардс и неговата Honda. Тоа беше почеток на една нова ера бидејќи побарувачката за неговите издуви значително порасна. Поради тоа, во 2004 година, словенецот мораше да изгради многу поголема и подобра фабрика.

Истата година, Акрапович и Yamaha склучија договор и презедоа храбар чекор. Новата MT-01 машина доби комплетен титаниумски издувен систем кој беше понуден како составен дел на мотоциклот. Следната година тие го претставија шестаголниот издувен систем кој подоцна ќе биде копиран од многу други производители.

akrapovic 2016 3

Откако ја дизајнираше и ја патентираше комората која ги подобрува перформансите и звукот кај оф-роуд мотоциклите, Акрапович одличи дека е време да им посвети поголемо внимание на материјалите кои ќе ги употребуваат во иднина.

Помеѓу 2007 и 2009 година, тој создаде одлична металуршка лабораторија во која можеше да се врши комплетна контрола на материјалите.

akrapovic 2016 6

Откако го организираше  првото претставување и на кое присуствуваа речиси сите возачи кои ги користат овие издувни системи, словенечкиот производител, една година подоцна, го доживеа првиот комплетен успех во светот на мото спортот. Возачите кои ги користат издувните вентили на Акрапович победија во сите MotoGP класи. Хорхе Лоренцо со Yamaha во MotoGP, Марк Маркез со Suter во Moto2 и Сандро Кортесе со KTM во Moto3.

Во 2014 година, тој ја доби Red Dot наградата за титаниумскиот Evolution Line издувен систем кој го има на Ducati 1199 Panigale.

Акрапович станува едно од главните имиња во автомото индустријата.

Back To Top