Опрема

BMW претстави кацига со вграден дисплеј

BMW прави кацига на чиј што визир ќе можете да ги видите информациите што ви се потребни додека патувате некаде: дозволена брзина, насока...

Следете нè на:

 

Пред неколку години, Google објави

.be" target="_blank">видео на кое можеше да се види како би било доколку користите поинаков сет на очила.  Со нив можевте да видите разни информации кои се наоѓаа на долниот дел од стаклата на очилата. Потоа, тие се качуваа погоре и можевте да ги прочитате. Овој фасцинантен концепт не успеа, а се што ние добиевме беа Google очилата.

Но сега, BMW зема некои од најинтересните идеи од тоа видео и ги претвори во многу покорисен производ. Тие прават кацига на чиј што визир ќе можете да ги видите информациите што ви се потребни додека патувате некаде, како на пример, дозволена брзина, насока, а исто така ќе ви бидат прикажани и сите телефонски повици. Од  BMW тврдат дека ова е се уште концепт, но демо верзија можеше да се види на годинешниот CES саем.

BMW Motorrad Head Up Display Helmet 008.0Изгледот од внатре на паметната кацига од BMW

Го пренесуваме искуството на еден посетител на CES кој имаше прилика да го проба прототипот:

Ми беше потребно малку време за да ја наместам убаво кацигата, но откако завршив, BMW ме седнаа на еден мотоцикл кој беше само за таа намена. Мотоциклот се тресеше, создаваше бучава, а имаше и вентилатори кои дуваа кон мене.

На левата страна можев да ја видам брзината со која се движам, а на десната можев да видам во која брзина го возам мотоциклот. Морам да напоменам, демо верзијата што јас ја видов имаше само една боја, за разлика од промотивното видео. Поголем проблем за мене беше тоа што текстот се наоѓаше веднаш над асфалтот.  Се уште не ми е јасно каде точно треба да се појави дисплејот. Од BMW велат дека тој е на дното.

Сепак, иако се уште е во прототип фаза, веднаш стана јасно како BMW можат да ги подобрат некои од работите што ги имаше кај Google очилата. На пример, ова е кацига за мотоцикл не е нешто што ќе го носиш по цел ден. Затоа дисплејот може да биде малку поголем, за да може полесно да се чита. Уште една предност е тоа што возачите нема да мораат да гледаат надолу за да видат со која брзина се движат. Исто така нуди и други релевантни информации како што се нови податоци за безбедноста на патот, мапи и други работи што инаку немаше да можете да ги проверите.

BMW HUD helma koncept 2016 04Сеуште е концепт, но BMW е на добар пат наскоро да ја претстави кацигата на иднината

BMW се надева дека ќе почнат со продажба на овој производ за неколку години. Сепак, има уште многу работа на него. Дисплејот, кој е произведен од DigiLens, веќе работи солидно но можноста тој да се поврзе со вашиот мотоцикл или телефон се уште не е добро направена. Ако BMW успее да ги подобри сите овие рабои, тогаш тоа би била најдобрата кацига.

Би можело да ве интересира

„Не е случајност и не се работи само за една трка. Од минатата година на патеките во Мисано и Арагон, постојано се наоѓаме блиску до подиумот“ – Давиде Бривио.

Мојата главна цел е да се обидам и да дојдам до место во некој фабрички тим. Би сакал тоа да биде Ducati.

Организаторите на релито Дакар објавија дека познатата трка од Јужна Америка ќе се префрли во Саудиска Арабија.

„Имавме поинаков проблем во споредба со вчера“ – лошиот старт на сезоната за Хорхе Лоренцо продолжи и на патеката во Тексас.

Можам да се обложам дека во 98 проценти од сите прегледи кои ќе ги најдете за Guzzi V85 TT, по неколку пати ќе го сретнете зборот „карактер“ и какво е вашето чувство кога сте на оваа класична, ендуро машина како што ја нарекува Moto Guzzi.

„Во последниот круг се обидов да останам смирен бидејќи знаев дека Валентино има големо искуство во вакви ситуации“ – Алекс Ринс.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.