На големата награда на Арагон, втората трка од Светскиот Супербајк Шампионат, Шпанскиот возач Карлос Чека ја претстави новата графичка шема на неговата X-Lite X-802R кацига.

big x-802r-repl-c-checa-37-side-b-2

На големата награда на Арагон, втората трка од Светскиот Супербајк Шампионат, Шпанскиот возач Карлос Чека ја претстави новата графичка шема на неговата X-Lite X-802R кацига.

Светскиот шампион од 2011 година реши да го промени изгледот на неговата кацига по првата трка во сезоната која се одржа во Австралија, во обид да ја нагласи силната емоционална промена што тој настан ја имаше врз него.

Основниот дизајн инспириран од „планетата земја“ останува речиси непроменет. Новата 2013 верзија се одликува со контрасна црно бела боја и со неколкуте декоративни елементи кои се типични за различни континенти, вклучувајќи ги и печатите за виза кои Чека ги собираше во текот на неговата 20-годишна кариера.

На врвот на кацигата сеуште стои „Rose of the Winds“, иако во новата верзија таа е збогатена и со зборовите „Checa World“ напишани со црвено.  Благодарение на рамнотежата помеѓу боите и прикажаните субјекти, оваа графика има три-димензионален ефект.

Кацигите X-Lite можете да ги најдете во Хонда салонот на Макпетрол кој е овластен увозник за Македонија.

 

Back To Top