Опрема

Metzeler Racetec RR пневматици

Metzeler тврди дека Racetec RR се добри на сите услови. Овие гуми веќе се тестирани на Isle of Man, North West 200, Southern 100 и Ulster Grand Prix од возач како што е Гај Мартин.

Следете нè на:

 

Секој мотоциклист се прашува кој е лимитот на неговите пневматици. Тоа може да стане опсесија на возачите и да ги натера често да притискаат до крај за да видат до каде е лимитот. Во пневматиците кои ги купуваме влеваме голема доверба, а што се однесува до мене, јас отсекогаш сум фан на уличната линија на Metzeler.

Сум возел на многу патишта со сет на „Interacts“. Пред нив ги користев Sportec, исто така од Metzeler, и затоа со сигурност можам да ви кажам какво треба да биде чувството кога возите со добри Metzeler пневматици.

metz rr 1

Ги пробав новите Racetec RR за да проверам дали новите пневматици имаат некакво подобрување. Но не грижете се, ги испробав пневматиците и на улица бидејќи не сакам да фрлам гуми доколку се уште можат да се искористат. Доколку возите на патека, гумата најчесто се оштетува по страничните делови па затоа се уште можете да ги користите на улица.

Metzeler тврди дека Racetec RR се добри на сите услови. Овие гуми веќе се тестирани на Isle of Man, North West 200, Southern 100 и Ulster Grand Prix од возач како што е Гај Мартин. RR ги има сите нови работи, нови соединенија и нова шара. Жлебовите се дизајнирани на тој начин што ќе овозможат дополнителна цврстина на суви услови, а доколку возите на влажни услови, водата полесно ќе се отстранува од гумата. Тие исто така нудат и подобра стабилност при вртење. Предниот пневматик е направен од 100 проценти силикат, а задната гума е направена од две соединенија.

Самиот профил на гумата ви овозможува полесно навалување, а за време на сопирањето мотоциклот не ми направи никакви проблеми. Кога мотоциклот беше максимално навален, многу лесно можев да се преместам од една на друга страна.

Внатрешниот дел од гумата е направен од специјално соединение кое е многу повеќе ригидно и полесно го задржува обликот. Стабилноста на пневматиците е одлична и не е толку флексибилна како неговите претходници. Над радијалната структура има челичен појас кој ја прави гумата уште поцврста.

Самите гуми ви даваат одлична повратна информација. Сакам кога сум поврзан со патот и кога ја чувствувам таа конекција со асфалтот. Сама ќе ви каже кога премногу притискате на гаста.

Поминав два дена на патеката и чувството на пневматиците беше одлично и токму онака како што го замислував. Предната гума имаше притисок од 2.0, а задната од 1.8. На крајот тие немаа никакви оштетувања.

Сигурен сум дека би можел со нив да извозам уште неколку дена на патеката, а потоа уште најмалку 1200km на улица. Од Metzeler тврдат дека новите пневматици ќе ви овозможат да поминете дополнителни 20 проценти повеќе во споредба со Interact.

Тие брзо се загреваат, односно после само неколку километри, што дополнително ви ја зголемува самодовербата.

Испробував каква е стабилноста за време на сопирање на средина на свиок и морам да признаам дека е одлична. Секогаш ми се допаѓа чувството што го имате од нов сет на гуми, а плус и мотоциклот делува малку повисок.

Racetec RR нудат подобрување во споредба со Interact.

Гумите на Метзелер се достапни во Македонија преку Скај Мото, за повеќе информации посетете ја нивната фејсбук страна.

Би можело да ве интересира

„Ќе биде подобро за сите, секако тука е и Moto2 серијата, доколку го имаат овој нов стил на возење - Moto2 се доближи еден чекор поблиску до MotoGP  со новиот 765cc Triumph мотор“

„Коментарот кој го даде Алберто Пуиг предизвика реакција кај неговиот поранешен MotoGP возач Дани Педроса“

„Сега откако си замина најлесниот возач во серијата, првиот човек на Ducati Џиџи Дал’Игна смета дека би било фер за сите доколку има минимална тежина“

„Дали возиме или одиме во вселената?“

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.