Metzeler неодамна не покани во Германија на официјалното претставување на новата Roadtec 01 линија на пневматици.

Новата гума е наследник на Roadtec Z8 Interact серијата. Roadtec пневматикот има нова ознака (01) бидејќи е направена од различни материјали, состав па дури и нова шара.

metzeler roadtec 01 sport touring tyre treads WP

Како се прави гумата

Претставувањето на продуктот започна со кратко предавање и прошетка низ фабриката која ги прави Roadtec 01 пневматиците. Таа се наоѓа во Бројберг, Германија, и користи софистицирани индустриски роботи при производството на пневматиците. Се започнува со едно парче гума кое го претставува внатрешниот дел на пневматикот. Потоа се вметнуваат жиците кои се радијално поставени. Потоа друг робот го нанесува другиот дел од гумата. Други парчиња гума се користат за изработка на рабовите и шарата. Понатаму, гумата 15 до 20 минути се загрева на температура од 300 степени. При овој процес се создава шарата на гумата како и потписите кои се од страна. Тоа исто така помага и гумата да биде отпорна на вода. Откако ќе заврши процесот, гумите се оставаат полека да се оладат. Кога ќе се оладат, тие се складираат и се подготвуваат за испорака. Според Metzeler, машинското производство на пневматиците помага тие на крајот сите да бидат идентични.

Roadtec 01 беше дизајниран за да ја зголеми издржливоста на пневматикот, како и да го подобри возењето на влажни услови. Целта е да се зголеми рокот на гумата за 10% во однос на претходниот модел Z8. Новата Roadtec 01 исто така беше дизајнирана и за да биде адаптабилна на голем број на различни мотоцикли и стилови на возење. При изработката се користени нови материјали и соединенија. Распоредот на шарата е поширок и пократок, а тоа обезбедува поголема издржливост и подобри перформанси, покрај стабилноста и комфортот.

Roadtec 01 има и нова шара. Кај предните пневматици, шарата има поостар агол и тоа обезбедува  побезбедно возење. Исто така и побрзо се отстранува водата.

2016 04 ACTION 20

Различни мешавини на гума се користат при изработка на предните и задните пневматици. Кај предните се користи соединение со кое пневматикот е подобар при запирање, особено на влажни услови.

Кога пневматикот се сретнува со асфалтот

Голем број мотоцикли опремени со Roadtec 01 возеа на патиштата надвор од Франкфурт. Половина ден поминавме возејќи по тесни улици низ стари градови и села. Преминот од еден мотоцикл на друг за време на паузите ни помогна да видиме како работат пневматиците на различни мотоцикли.

На затворена патека, имавме тест за запирање на влажни услови, курс за возење на влажни и суви услови, а три километри поминавме возејќи по малку накосена, овална патека. Од менаџментот ни кажаа дека на едниот свиок може да се вози и со 160 километри на час, а за другиот свиок и на остатокот од патеката не оставија сами да процениме колку е доволно. Можевме да избереме помеѓу BMW S1000RR, Kawasaki Z1000SX и ZX-14R како и Suzuki GSX-S1000F, сите опремени со Roadtec 01. Со ZX-14R постигнавме брзина од 260 километри на час и ни покажа дека дури и при таа брзина тој има одлична стабилност. Поради големата брзина и притисокот врз пневматиците, моравме после секој трети круг да ја провериме температурата на гумите за наша безбедност. Но се беше во ред. Стабилноста беше беспрекорна за време на целиот тест.

ACTION 42

За да ги провериме какви се на влажни услови, возевме по еден пат полн со свиоци. Од страна беа поставени прскалки кои постојано прскаа со вода на патеката. После голем број извозени кругови, не забележавме никаков проблем кај пневматиците. Потоа возевме на истата патека но на суви услови. Тоа ни овозможи да направиме споредба и да возиме со малку поголема брзина. Целиот тест помина без никакви проблеми.

Исто така го споредивме сопирањето на влажни услови меѓу идентични Suzuki Bandit 1250 bikes, едниот опремен со Roadtec 01  а другиот со Z8пневматици. Мотоциклите беа опремени со прецизен систем кој користи GPS и обезбедува точни податоци. Истиот овој систем се користи и при тестирањето на Roadtec 01 пневматиците додека се во фаза на изработка. Сензорите за брзина даваат точни податоци за растојанието кое го поминуваме но за тестирањето на ABS сопирачките на влажни услови ни е потребно поинакво мерење. Морам да признаам дека мотоцикли многу лесно запреа.  Сепак мотоциклот опремен со Roadtec 01 запре многу побрзо од другиот мотоцикл.

ACTION 7

Знаеме дека многу спортски мотоцикли се користат за секојдневно возење и дека никогаш не биле возени на тркачки патеки. За сопствениците на вакви мотоцикли, еве одличен пневматик со кој ќе поминете поголем број на километри.

Roadtec 01 пневматиците се достапни за голем број на модели на мотоцикли. Повеќето броеви се веќе достапни, но сепак, 120/60ZR17 предниот пневматик можеби нема да биде достапен се до почетокот на следната година. Посебна верзија на Roadtec 01 (HWM) е достапна за поголемите и потешките мотоцикли. Од Metzeler ни изјавија дека HWM го намалува интензитетот на вибрациите при возењето. Листа на мотоцикли кои користат HWM верзија од пневматиците можете да видите на нивната интернет страна.

Сите димензии можете да ги погледнете на следниот линк, а за цените и достапноста обратете се кај увозникот на Metzeler - Скај Мото.

Back To Top