Тест на MCN Pireli Angel GT пневматиците

Возачот на MCN, Оли Рашби, е среќен со промената од Metzeler Roadtec на Pirelli Angel GT на својот V-Strom, изминатите 3 месеци ги помина по ладните и влажни патишта низ Англија, и еве што тој мисли за нив:

NewRubber

Што е добро?

По 6500 километри поминати со последниот сет на пневматици, мислев дека е добра идеја да ги променам пред да дојде зимата. Новите гуми ќе требаше навистина да се докажат со оглед на тоа дека „Roadtec 01“ на  Metzeler одлично ми користеа во текот на целото лето. Сакав нешто поинакво и затоа се одлучив за  Angel GT на Pireli и да бидам искрен воопшто не погрешив.

Тие се одлични за зимски услови но исто така добра е стабилноста и доколку ги возите на суво. На почеток малку се сомневав како ќе се однесуваат на мраз и снег.  После поминати 4000 километри од кои дел беа на зимски услови, се уште изгледаат ново.

Што е лошо?

Иако немав никакви проблеми кога возев на влажни услови, не сум сигурен дека можат да ја понудат истата стабилност како и Roadtec 01. Како пневматик наменет за сите временски услови, Angel GT е и повеќе од адекватна гума, но сепак мислам дека опцијата на Metzeler повеќе одговараше на мојот V-Strom.

Каде да ги најдете?

СкајМото е увозник на пневматиците на Metzeler и Pireli, повеќе информации за цените и моделите можете да добиете преку нивната фејсбук страна или на 02 317 2462

Back To Top