Новите ContiSportAttack3 веќе пристигнаа кај увозникот на Континентал за Македонија - Скај Мото, а во рамките на промоцијата првите 20 купувачи ќе добијат и церада за мотор од Continental.

Официјално претставена на патеката Red Bull во Австрија пред крајот на минатата година, ContiSportAttack 3 постави нови стандарди во справувањето и перформансите при повисоки агли на навалување на суви и влажни услови. Иако на пазарот има и други пневматици кои имаат високи перформанси, оваа ни го привлече вниманието заради оптимизацијата на гумата како за влажни така и за суви услови.

conti sport attack3

ContiSportAttack 3 е рачно изработена во Германија. Има значително подобрување кога се вози на влажни услови благодарение на комплетно редизајнираната шара која овозможува водата бргу да истекува, и најновото Rain Grip соединение кое настана како резултат на долгогодишното истражување и развој на хемичарите на Continental. Целокупниот дизајн на шарата го подобрува возењето како на влажни така и на суви услови.

Новата „Grip Limit Feedback“ технологија на Continental им овозможува на возачите подобра контрола при повисок агол на навалување. Самиот дизајн исто така нуди и врвна стабилност.

Иновативната „MultiGrip“ технологија ја прави гумата многу поиздржлива, нудејќи им на возачите можност да поминат со неа многу повеќе километри. „Traction Skin“ технологијата исто така е вклучена. Таа ја зголемува безбедноста и го намалува оштетувањето на пневматикот благодарение на тенкиот слој кој го има одозгора. Идеална е за брзо возење на улица и понекогаш на патека. Може да се најде во неколку големини:

110/70 ZR17 M/C 54W TL

120/60 ZR17 M/C (55W) TL

120/70 ZR17 M/C (58W) TL

150/60 ZR17 M/C 66W TL

160/60 ZR17 M/C (69W) TL

180/55 ZR17 M/C (73W) TL

190/50 ZR17 M/C (73W) TL

190/55 ZR17 M/C () 75W) TL

200/55 ZR17 M/C (78W) TL

Новите ContiSportAttack3 веќе пристигнаа кај увозникот на Континентал за Македонија - Скај Мото, а во рамките на промоцијата првите 20 купувачи ќе добијат и церада за мотор од Continental.

Back To Top