Опрема

Уште еден тест кој потврдува дека ContiSportAttack 3 се одлични гуми

ContiSportAttack 3 кои се употребуваат во „California Superbike School“ во Велика Британија, неодамна беа тестирани од Крис Њубигинг од списанието „Performance Bikes“.

Следете нè на:

 

Возејќи на новиот модел на Yamaha, 2016 YZF-R1, Крис смета дека оригиналните пневматици се премногу агресивни и ги замени со најновиот модел на Continental.

Во изданието за Јули 2016 година, Крис напиша:

„Имам решение. Новите пневматици на Continental, SportAttack 3, се брзи гуми за асфалт. Профилот е позаоблен, а составот е поиздржлив на суви или влажни услови за разлика од претходните пневматици. Тие ја променија мојата самодоверба додека го возев новиот R1.“

contisportattack 3 2Conti SportAttack 3

Со комплетно променета шара која е комбинирана со уникатно „Rain Grip“ соединение, новите ContiSportAttack 3 значитено го подобрија возењето на влажни услови за разлика од нивните претходници. Тие исто така и се поиздржливи.

Крис ги тестираше и пневматиците ContiRaceAttack Comp и со нетрпение го очекуваме неговиот следен извештај.

Повеќе за новите „ContiSportAttack 3“ можете да дознаете тука.

Би можело да ве интересира

„Ќе биде подобро за сите, секако тука е и Moto2 серијата, доколку го имаат овој нов стил на возење - Moto2 се доближи еден чекор поблиску до MotoGP  со новиот 765cc Triumph мотор“

„Коментарот кој го даде Алберто Пуиг предизвика реакција кај неговиот поранешен MotoGP возач Дани Педроса“

„Сега откако си замина најлесниот возач во серијата, првиот човек на Ducati Џиџи Дал’Игна смета дека би било фер за сите доколку има минимална тежина“

„Дали возиме или одиме во вселената?“

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.