Опрема

X1 паметната кацига е одлична заштита

„Дали возиме или одиме во вселената?“

Следете нè на:

 

Се почесто на пазарот ги гледаме паметните кациги.А со цел да се ја зголеми потрошувачката, секоја компанија се обидува да има сопствени карактеристики по кои би се разликувала од своите конкуренти. Кај „CrossHelmet“ овие карактеристики се неверојатниот дизајн како и контрола на допир.

Дизајнот кој го има X1 прави кацигата да може да биде дел од некој научно-фантастичен филм или пак видео игра. Заоблениот профил на предниот влез  за воздух како и визирот и даваат футуристички изглед. Заоблениот визор исто така прави пред лицето на возачот да има повеќе простор.Наместо штитникот за брадата да биде близу до устата, самиот дизајн го прави предниот дел од кацигата да биде малку подалеку од лицето.

x1 smart helmet 1

Како и кај останатите паметни кациги кои се појавуваат на пазарот, „CrossHelmet “ користи HUD технологија која ги прикажува сите потребни информации,меѓу кои се навигацијата како и камерата која му овозможува на возачот да има целосна прегледност околу себе.

Ова се само дел од работите која секоја паметна кацига треба да ги содржи. Но она што ја издвојува X1 се контролите. Контролите кои реагираат на допир, кои се наоѓаат на страничните делови на кацигата, му овозможуваат на возачот да изврши голем број на команди. Тие повеќе  реагираат на притисок отколку само на допир што значи дека возачот нема да има потреба да ги вади ракавиците.

x1 smart helmet 2

Литиумско-Керамичката батерија може да издржи шест до осум часа.Кацигата е опремена со 8GB мемориска картичка како и Quad ARM Cortex A53 1.2 GHz процесор. Од компанијата велат дека кацигата ги задоволува сите безбедносни стандарди. Исто така, можете да одберете кацига чиј што визор се прилагодува во зависност од јачината на светлината.

Со тежина од 1 килограм и 780 грама, оваа кацига е една од потешките на пазарот, но тоа е цената која треба да се плати за сета оваа технологија.  А и самата цена на кацигата е исто така прилично висока. Кога и официјално ќе се најде во продажба, таа би чинела  1,799 фунти. За сите оние кои се заинтересирани да ја нарачаат порано, цената изнесува 1,649 фунти а заедно со неа ќе добијат и еден пар ракавици. Доставата се очекува да почне во Јуни 2019 година.

Би можело да ве интересира

На 28, 29 и 30 Јуни за првпат на овие простори ќе се одржи женски мото камп во близина на градот Салаш, Република Србија. На него е дозволено да учествуваат само девојки. Односно, оние кои возат мотори и оние кои не возат, а ја делат истата пасија со првите.

Валентино Роси вели дека имал многу проблеми на правите делови за време на одржувањето на Француската Гран При трка а неговиот мотоцикл бил многу послаб во споредба со мотоциклите на неговите ривали.

Џек Милер во Шпанија го испроба доминантниот Ducati Panigale V4 R.

Ducati тестираат замена за 959 Panigale и неговиот v-twin мотор.

„Секој викенд учиме нешто ново. Наскоро ќе бидеме подобри“  - Хорхе Лоренцо

Дали би купиле Кинески скутер од Австриска компанија кој го има знакот на Ducati?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 11 Мај 2019 - 11 Мај 2019
  • Фабрика Партизанка - Индустриска зона

  • 01 Јуни 2019 - 01 Јуни 2019
  • Голозинци
  • Велес

  • 02 Јуни 2019 - 02 Јуни 2019
  • Дом на млади
  • Штип

  • 07 Јуни 2019 - 08 Јуни 2019
  • Нов Парк
  • Свети Николе

  • 14 Јуни 2019 - 16 Јуни 2019
  • Кавадарци

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Gradski Bazen Kumanovo
  • bul.Oktomvriska Revolucija, 1300 Kumanovo

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.