Останато

5 филмови за мотоцикли кои вредат да се гледаат

„Не се направени според старите стандарди, но сепак вреди да се изгледаат“

Следете нè на:

 

Празниците се пред нас а со нив и малку слободно време да се релаксираме и одмориме. За мене, одморот во превод значи мотоцикли а бидејќи во текот на зимските месеци не возам премногу, понекогаш моето внимание го префрлам на филмовите во кои има мотоцикли. Сите ги знаеме класиците: Easy Rider, Harley Davidson and the Marlboro Man, On Any Sunday и уште многу други. Сите овие вредат да се гледаат но исто така од време на време сакам да побарам некој нов филм кој не сум го гледал до сега. Еве што успеав да пронајдам.

Why We Ride

why we ride

Во ред, можеби сте слушнале за овој филм.  Тој не е меѓу најпознатите вакви филмови, но ако не сте го гледале , треба да го сторите тоа. Ова е документарен филм кој во вистинско светло ги прикажува мотоциклистите. Наместо да се фокусира на проблематичните возачи, овој филм е посветен на вистинските ентузијасти. Секој од нас има интересна приказна за тоа кога прв пат се заљуби во мотоциклите, а неколку такви приказни се раскажани тука. Доколку го гледате овој филм со вашата фамилија, тогаш тоа е одличен начин да им ја покажете суштината на возењето и зошто сакаме да го правиме тоа.

A Warm December

a warm december

Овој филм не е конкретно посветен на мотоциклите но оф роуд возењето е она што го носи Сидни Поатје во Лондон каде што се заљубува во прекрасната Кетрин која е внука на Африкански дипломат. Старите сцени на тркање се прекрасни за гледање а Поатје, како и обично, фантастично ја доловува улогата.

Full Throttle

full throttle

Постојат неколку филмови со истото име но овој ни доаѓа од Хонг Конг и се занимава со темата на нелегални трки. Во филмот има и драма. Главниот лик, после една несреќа сака да престане со  возењето но сите околу него го притискаат да продолжи. И покрај тоа што можете и сами да забележите дека не возат премногу брзо, во филмот има прекрасни спортски мотоцикли. Овој филм не е Tokyo Drift но сепак вреди да се изгледа.

One Man's Island

one man s island

Сигурно веќе знаете за Isle of Man TT како и за документарниот филм TT3D: Closer To The Edge.  Овој филм се фокусира на личната приказна на Марк Гарднер,познат автор на приказни поврзани со мотоциклите, кој на 46 години ја напушти успешната кариера во маркетингот за да си го исполни сонот и да биде дел од TT. Самата трка не е централниот дел на филмот, туку патот кој го поминува Гарднер за да стигне до Isle of Man TT. Овој филм дава униката перспектива на целата трка.

Knightriders

knightriders

Кога зборуваме за историја, мораме да го споменеме и овој филм кој нема никаква поврзаност со телевизиската серија која има слично име. Судирот помеѓу кралот Вилијам и Индијанците, заедно со поделбата која владее помеѓу трупите, доведе до војна во една нова, невообичаена средина. Филмот е напишан и режиран од страна на Џорџ Ромеро. Тој вели дека инспирација за филмотдобил од „ Society for Creative Anachronism “ . Бидејќи добро ми е позната оваа група, можам да го забележам силното влијание.

Heat Vision And Jack

heat vision and jack

Еве уште една навистина интересна сугестија, иако тоа не е филм. Heat Vision And Jack е приказна за Џек Остин, поранешен астронаут кој бил изложен на големо сончево зрачење. Тоа го направи да биде најпаметниот човек на светот, но само кога сонцето е изгреано. Џек со својот мотоцикл се обидува да им избега на НАСА и на неговиот агент. Во суштина не е ништо посебно но мене навистина ми се допаѓа.

Би можело да ве интересира

Новиот возач на Repsol Honda ќе го пропушти првиот тест од сезоната 2019 поради операција на раката

Имавме разговори со Педроса. Бевме многу блиску до договор - Разлан Разали, извршен директор на Sepang

Пол Еспаргаро има само една цел во текот на зимската пауза: Да оздрави.

На два дена пред официјалното претставување на MotoGP тимот на Honda, Хорхе Лоренцо ќе мора да оди на операција

За Аргентинецот, Николас Кавиглиасо, релито Дакар 2019 беше само второ учество на овој настан. Но и покрај тоа, тој доминираше на поголем дел од трката и со неговата Yamaha YFZ-400 успеа да стигне до првата позиција.

МотоГП тимот на Дукати денеска официјално го претстави Desmosedici GP19.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.