Останато

Alta стана првиот електричен производител кој ќе се натпреварува на трката Ерцберг

Alta Motors го посвети своето внимание кон една од најтешките ендуро трки на планетата

Следете нè на:

 

Alta Motors го посвети своето внимание кон една од најтешките ендуро трки на планетата

Компанијата не е долго на пазарот но се покажа како доста компетитивна во споредба со ривалите кои работат на бензин. Покрај тоа, компанијата неодамна им даде лиценца за некои од своите производи на Harley-Davidson. Тие исто така го привлекоа вниманието на медиумите минатата година кога Џош Хил го победи Рики Кармајкл на 2017 Женева Суперкрос натпреварувањето. Сега откако имаат поголема самодоверба, Alta одлучи да биде дел од родеото Ерцберг кое е едно од најтешките ендуро натпреварувања во светот.

20182F052FScreen Shot 2018 05 11 at 1.31.46 AM

Слично како и кај останатите натпреварувања во изминативе неколку години, Alta ќе стане дел од историјата откако на трката во 2018 година ќе настапи со целосно електрични мотоцикли. Нивниот фабрички тим ќе се состои од Тај Тремејн и Линдон Поскит. И двајцата возачи имаат долгогодишно искуство на оф роуд трките. Поскит е ветеран на релито Дакар додека пак Тремејн досега два пати бил дел од финалето на X-Games. Двајцата возачи ќе настапат со Redshift MXR машини.

„Откако минатата година бевме дел од родеото со рели мотоцикл, со нетрпение чекам да видам што можам да постигнам со премиум мотоцикл кој е специјално дизајниран за ваква средина,“ изјави Поскит. „Партнерството со Alta има смисла бидејќи тие креираа мотоцикл кој нуди контрола и моќност, две работи кои се одлучувачки за ваква трка. Да не заборавиме дека мотоциклот е електричен.“

Родеото е долго 35 километри и се оддржува на планините во Австрија. Составено е од голем број на стрмнини и од други непредвидливи пречки. Трката, која уште се нарекува „Iron Mountain“ ќе биде домаќин на 2000 возачи кои ќе се обидат да се квалификуваат за едно од 500-те места на стартот.  Тој број се очекува значително да се намали како што возачите се доближуваат до самата цел. Минатата година само 25 возачи ја завршија трката додека пак во 2016 година бројката на возачи кои стигнаа до целта беше 9.

„Го креиравме „Redshift “ за да се натпреварува со најдобрите мотоцикли на една од најтешките трки во светот,“ изјави техничкиот директор и коосновач на Alta Motors, Дерек Дорестајн. „Трката доаѓа во период кога електричните мотоцикли имаат потешкотии да се пробијат на интернационалните натпреварувања. Благодарни сме што организаторите на трката го делат нашиот ентузијазам и што сметаат дека треба да ја промовираат напредната технологија наместо да ја ограничуваат. Благодарни сме и поради тоа што ни обезбедуваат платформа преку која ќе можме да докажеме дека и електричните мотоцикли  имаат право да се натпреваруваат.“

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Една од најинтересните работи кои ги видовме за време на WorldSBK трката која се возеше во Лагуна Сека беше преставувањето на најновиот модел кој ни доаѓа од фабриката во Болоња, Ducati Panigale V4 25° Anniversario 916.

Вообичаено, ова би требало да биде најдобриот период за забавниот парк во Калифорнија, но тој е затворен поради реновирање.

Валентино Роси вели дека се уште може да победува и дека нема потреба да го менува шефот на тимот.

Дали слушнавте? Yamaha најави промени кај 2020 Yamaha YZF-R1 и 2020 Yamaha YZF-R1M а двата модели ги престави овој викенд за време на трката од WorldSBK шампионатот која се возеше во Лагуна Сека.

Електричните мотоцикли не само што го променија возачкото искуство, за некои позитивно а за некои негативно, туку тие исто така влијаеа и на самиот изглед на мотоциклите. За дизајнерите, електричните мотоцикли истовремено преставуваат предизвик но и нови можности.

Фабио Куартараро вели дека следната етапа од неговата MotoGP кариера е да има добра борба со Маркез и Роси.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

  • 10 Август 2019 - 10 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Битола

  • 24 Август 2019 - 24 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Прилеп

  • 31 Август 2019 - 01 Септември 2019
  • Патека Плевен
  • Долна Митрополија, Бугарија

  • 07 Септември 2019 - 09 Септември 2019
  • Република Македонија

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.