Останато

Биндер остана смирен и победи на трката во Австрија

Бред Биндер имаше целосна контрола над трката која се возеше во Австрија. Ова за возачот кој доаѓа од Јужна Африка беше прва победа оваа сезона и вкупно единаесета во неговата GP кариера.

Следете нè на:

 

Бред Биндер имаше целосна контрола над трката која се возеше во Австрија. Ова за возачот кој доаѓа од Јужна Африка беше прва победа оваа сезона и вкупно единаесета во неговата GP кариера.

Биндер, кој вози за Red Bull KTM Ajo, успеа да избие на лидерската позиција уште во првиот круг а веднаш зад него беа Чави Виерге (EG 0,0 Marc VDS) и Тецута Нагашима (ONEXOX TKKR SAG Racing). На 22 круга до крајот на трката надежите на Нагашима дека ќе дојде до првата победа беа уништени откако по еден дуел со Виерге излета надвор од патеката. Јапонскиот возач се врати на патеката но беше на крајот од групата на возачи.

Откако Виерге и Нагашима беа надвор од борбата за подобар пласман, на втората позиција се најде Енеа Бастианини а веднаш зад него следуваа Том Лутхи (Dynavolt Intact GP), Реми Гарднер (ONEXOX TKKR SAG Racing Team) и Лука Марини (SKY Racing Team VR46).

Алекс Маркез (EG 0,0 Marc VDS), Лоренцо Балдасари  (Flexbox HP40) и  Сомкиат Чантра (Idemitsu Honda Team Asia) беа дел од групата на возачи кои постојано се претекнуваа и се обидуваа да дојдат до место на подиумот.

brad binder ktm txt 1 13 08

На десет круга до крајот на трката, Реми Гарднер имаше неуспешен обид да го претекне Биндер. На овие двајца возачи малку подоцна им се приклучи Алекс Маркез кој успеа да дојде до третото место иако стартуваше од единаесетата позиција. Гарднер имаше контакт со мотоциклот на Маркез и се најде надвор од патеката.

Неколку минути подоцна Бастинини и Марини завршија надвор од патеката. На крајот сепак Маркез не успеа да го стигне Биндер кој победи со разлика од само 0.3 секунди.  Хорхе Наваро (+Ego Speed Up) го освои последното место на подиумот а веднаш зад него беа Балдасари и Агусто Фернандез.

Британските возачи Џејк Диксон (Sama Qatar Ángel Nieto Team) и Сем Ловс  (Gresini Moto2) завршија на деветнаесетото односно дваесет и четвртото место.

Алекс  Маркез сега е лидер на табелата со освоени 181 поен и предност од 43 поени во однос на Том Лутхи. Наваро е на третата позиција. Со оваа победа, Биндер се искачи едно место погоре на табелата и сега е на седмата позиција во генералниот пласман.

Резултати

  1. Brad Binder (SA), Red Bull KTM Ajo, 37:24.963
  2. Alex Marquez (ESP), EG 0,0 Marc VDS, +0.330
  3. Jorge Navarro (ESP), +Ego Speed Up, +1.839
  4. Lorenzo Baldassarri (ITA), Flexbox HP40, +2.183
  5. Augusto Fernandez (ESP), Flexbox HP40, +3.303
  6. Tom Luthi (SWI), Dynavolt Intact GP, +4.645
  7. Jorge Martin (ESP), Red Bull KTM Ajo, +5.200
  8. Iker Lecuona (ESP), American Racing KTM, +5.285
  9. Marcel Schrotter (GER), Dynavolt Intact GP, +6.973
  10. Mattia Pasini (ITA), Tasca Racing Scuderia Moto2, +9.428

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Андреа Довициозо и Данило Петручи ги претставија мотоциклите со кои Ducati ќе настапи во новата сезона.

Објавена е конечната верзија на календарот за MotoGP сезоната 2020

„Можеби за време на тестот нема да можам да го извозам планираниот број на кругови“ – Марк Маркез

„Yamaha работи напорно и ќе се обиде уредот да биде готов за тестот во Малезија“- Маверик Вињалес

Компанијата Мото-Пром од Гевгелија од неодамна е новиот увозник на брендот Кавасаки за Македонија.

Макс Биаџи и Хју Андерсон ќе му се приклучат на Хорхе Лоренцо и оваа сезона ќе станат дел од MotoGP Legends листата.

Реклами

Листа на мото настани

  • 22 Февруари 2020 - 22 Февруари 2020
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.