Релито Дакар нема да почне се до Јануари следната година но тоа не го спречи ASO да ги објави деталите од рутата за релито Дакар 2017.

Како што објавивме претходно, Чиле се откажа од организацијата на релито. Од ASO потврдија дека следната година рутата ќе поминува низ Аргентина, Боливија и Парагвај.

Во главниот град на Парагвај, Асунсион, ќе биде стартот на релито. Главниот дел од трката ќе се оддржи во Аргентина, а во Боливија се планирани четири застанувања.

CTZmvzDXIAAVacc

Како и минатата година, релито Дакар ќе содржи многу етапи кои ќе се возат на голема висина, особено во Боливија, кое не само што ќе ги исцрпи возилата туку и натпреварувачите.

Висината и физичкиот напор на новото рели Дакар станаа толку екстремни, што ризикот од повреди поради висината е многу реален. Тоа им се случи на неколку возачи минатата година.

Крајот на релито ќе биде во Буенос Аирес. И покрај тоа што делот во Аргентина веќе им е познат на возачите, тој воопшто не е лесен. Тимовите на KTM, Honda, Husqvarna и Yamaha Racing се главни фаворити за победа. Останува да видиме кој ќе успее да остане конзистентен и брз во текот на целото рели. Засега во предност е тимот на KTM кој успеа да победи на последните 15 трки. 

2017 dakar rally route

Back To Top