Останато

Дакар 2014: По 10 етапи Кома сеуште во водство

Денешната десетта етапа кај мотоциклистите на релито Дакар 2014 донесе двојна победа за тимот на Хонда, но Марк Кома на КТМ сеуште е водечки во генералниот пласман.

Следете нè на:

 

100414ComaМарк Кома (КТМ) сега има предност од 44 минути и 10 секунди пред Жоан Бареда (Хонда)

Денешната десетта етапа кај мотоциклистите на релито Дакар 2014 донесе двојна победа за тимот на Хонда, но Марк Кома на КТМ сеуште е водечки во генералниот пласман.

Возачите на Хонда на денешната етапа забележаа 1-2 победа, но сепак Марк Кома со својот КТМ го има главниот збор на релито. Вчерашниот пех на Бареда заради кој беше казнет со 15 минути се покажа како предизвик за шпанецот, па денешната одлично извозена етапа му донесе време кое за 11 минути ја намали предноста во генералниот пласман.

Бареда беше казнет заради брзо возење на специјалниот испит на вчерашната етапа. Алармот кој требало да го извести дека вози во зоната со ограничена брзина затаил, па возачот на Хонда беше вратен назад на 10-та позиција.

honda-s10Жоан Бареда со денешната победа успеа да ја одржи неизвесноста на релито

Марк Кома иако има голема предност изјави дека не е се завршено. На прашање од новинарите дали веќе се гледа како победник тој одговори: „Не, доколку почнеме така да размислуваме одиме во погрешна насока. Мора да останеме фокусирани, цело време. Не очекуваат два навистина тешки денови, посебно утре кога се возат 600км низ етапа која е предизвикувачка. Има уште да се вози, се е возможно.


Резултати од етапа 10
 
1 Joan Barreda 04:42'00 ESP HONDA TEAM HRC
2 Helder Rodrigues +08'00 POR HONDA TEAM HRC
3 Cyril Despres +09'40 FRA YAMAHA Yamaha Racing
4 Olivier Pain +11'11 FRA YAMAHA Yamaha Racing
5 Marc Coma +11'26 ESP KTM KTM Red Bull Rally Factory
6 Kuba Przygonski +15'08 POL KTM KTM Rally Factory
7 Stefan Svitko +15'14 SLO KTM Oraving Slovnaft Team
8 Javier Pizzolito +16'58 ARG HONDA TEAM HRC
9 Ivan Jakes +18'17 SLO KTM Nad Ress Adventure
10 Daniel Gouet +19'21 CHI HONDA Tamarugal Honda Racing XC Rally Team
 

Генерален пласман по 10 етапи
 
1 Marc Coma 41:48'33 ESP KTM KTM Red Bull Rally Factory
2 Joan Barreda +44'10 ESP HONDA TEAM HRC
3 Jordi Viladoms +02:02'03 ESP KTM KTM Red Bull Rally Factory
4 Olivier Pain +02:16'12 FRA YAMAHA Yamaha Racing
5 Helder Rodrigues +02:21'16 POR HONDA TEAM HRC
6 Cyril Despres +02:28'27 FRA YAMAHA Yamaha Racing
7 Kuba Przygonski +02:29'15 POL KTM KTM Rally Factory
8 Daniel Gouet +03:05'54 CHI HONDA Tamarugal Honda Racing XC Rally Team
9 Stefan Svitko +03:33'07 SLO KTM Oraving Slovnaft Team
10 David Casteu +03:41'54 FRA KTM Team Casteu

Би можело да ве интересира

Кени Робертс зборува за MotoGP сезоната 2019, аеродинамиката, Марк Маркез, недостатокот на возачи кои доаѓаат од САД и уште неколку други работи.

Веќе ви имаме кажано дека Suzuki планира да престави нов модел на пазарот. Сега добивме информација дека големиот оф роуд мотоцикл е забележан на патиштата во Италија.

Еден од најинтересните модели кои ги видовме на мото шуто во Остин, Тексас, беше рачно изработениот мотоцикл на Revival Cycles наречен, Birdcage.

Викендов на патеката Серез во Грција се возеше втората рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам на кој настапија 6 македонски возачи.

Би сакал тогаш да го знаев она што го знам сега.

„Се обидовме да работиме на електрониката. Исто така најдовме и подобар баланс во споредба со минатата година. Мотоциклот работи подобро.“ - Валентино Роси.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.