332 возила поминаа повеќе од 8000 километри низ три држави, тоа беше Дакар 2018. Настан кој сигурно нема да го заборавиме бидејќи беше еден од најтешките во историјата на ова натпреварување.

Возачите мораа да се справат со песочните дини во Перу како и со високите планински патишта во Боливија. Како и секое издание на релито Дакар и ова помина во жестока борба меѓу натпреварувачите.

Во однос на автомобилите, се чини дека Дакар беше најтежок за Mini кои ги загубија своите тројца возачи уште на самиот старт. Најспектакуларно излетување имаше Брус Мензиес. За среќа никој од неговиот тим не беше повреден. Остатокот од борбата се одвиваше помеѓу 3008 DKR Maxis и Toyota Hilux.  И двата тима се соочија со серија на механички проблеми. Лидер беше Карлос Саинц а веднаш зад него беа Насер Ал Атија и Џинел де Вилер.

dakar 2018 2

Борбата кај превозните средства на две тркала беше уште поинтересна. За жал на половина од релито, поради повреда на грбот, својот настап го заврши шампионот Сем Сандерленд. После тоа остана борбата помеѓу возачите кои настапуваа со мотоцикл на Honda, Кевин Бенавидес, Тоби Прајс и Адриен ван Беверен. Во текот на релито голем број на возачи се откажаа од понатамошниот настап поради навигациска грешка.

dakar 2018 3

Но еден возач имаше беспрекорни перформанси во текот на целата трка. Австриецот Матијас Валкнер. Тој беше трпелив и успеа да дојде до победата во Кордоба. Зад него останаа Кевин Бенавидес и Тоби Прајс.

Камионите со тежина од 10 тони, како и секогаш беа најинтересни за публиката. Kamaz отсекогаш бил главен на песочните дини и досега има 14 победи. Во 2018 година, листата ја зголемија за уште една победа откако Едуард Николав најбрзо стигна до крајот.

dakar 2018 4

Но до победата не стигна воопшто лесно а најголем конкурент му беше Федерико Вилагра.Поради проблемите со кои се соочи во втората етапа од релито, Аргентинецот мораше да се откаже.

Во  SxS категоријата, Can-Am за кој настапи Реиналдо Валера успеа да го одбие нападот од фабричкиот тим на Polaris и на крајот имаа дури пет етапни победи. Quad напреварувањето ја очекуваше борбата помеѓу минатогодишниот победник, Русинот Сергеј Кариакин и Чилеанецот Игнасио Каселе.

dakar 2018 5

За жал таа заврши предвреме откако Русинот ја скрши раката. Ова му овозможи на Каселе убедлива победа со разлика од дури 90 минути.

Релито во 2018 година заврши со последната понеда на тимот на Peugeot за кој настапи Саинц. Француската екипа нема да се врати на релито оваа година.

dakar 2018 6

Релито Дакар 2018 беше полно со возбудувања од самиот старт па се до крајот.

Следете ги најновите информации од ова легендарно рели кое започнува на 6-ти Јануари.

dakar 2018 7

Back To Top