„Доколку можеме да му веруваме на ова видео, тогаш одговорот е не“

Ова видео го објави Скот Кубо и покажува како неговиот Tesla автомобил, наместен на автономно управување, се движи по улиците во Калифорнија. На видеото гледаме централно поставен дисплеј кој му покажува на возачот какви возила има пред него, зад него и на страничните делови од патот. Од Tesla велат дека автомобилите се опремени со 8 камери кои ви даваат целосен преглед на вашиот автомобил.  Плус, автомобилот може да го забележи и следниот објект кој се наоѓа на далечина од 250 метри.

Проблемот тука е што автомобилот воопшто не ги регистрира мотоциклите или пак тие се претставени како автомобили. Исто така и растојанието до мотоциклот не е секогаш прецизно.

А токму тука е и проблемот. Од компанијата велат дека ако го ставите автомобилот на автономен режим на управување, сепак мора да има некаква контрола од возачот. Во суштина, не можете да го оставите автомобилот сам да управува, а вие во меѓувреме да јадете сендвич. А токму тоа го прават луѓето.

На видеото Скот објаснува дека камерата може да процесира до 200 фрејма во секунда иако тоа е распоредено на осумте камери кои ги има околу автомобилот. Тоа во превод би значело дека секоја камера има по 25fps. Можеби моменталниот систем кој го има автомобилот не може во целост да го забележи движењето на мотоциклите.

Погледнете го видеото и сами одлучете дали ќе се чувствувате безбедно доколку покрај вас се движи некој Tesla автомобил чиј што возач спие.

Back To Top