Кога повеќето возачи заминуваат на заслужената зимска пауза, оние кои се дел од „Ice Speedway Gladiators“ шампионатот забрзано се подготвуваат за новата сезона. Осум-кратниот шампион, Дмитри Колтаков одново ќе ја брани титулата. Ве носиме зад сцената за да ви покажеме каков е животот на еден возач кој е дел од „Ice Speedway Gladiator“ серијата.

Натпреварувањето на мраз на некој начин многу потсетува на мотокрос трка на мраз. Но тоа е само на прв поглед. Во реалноста е сосема поинаку. Мотоциклите кои се дел од оваа серија се одлични машини кои имаат само една цел. Што е можно побрзо да се движат по мразот. Шилците со големина од 10 сантиметри кои се монтирани на пмневматиците се грижат возењето да се одвива како што треба. Дали кажавме дека овие мотоцикли немаат сопирачки?Ice Speedway Gladiators Txt 1 12 09 copy

Трките кои се дел од оваа серија се оддржуваат низ целата територија на Русија, Казахстан па дури и Холандија. Тоа значи дека во текот на зимската пауза, возачите постојано се на пат и поминуваат помеѓу 3 и 4 илјади километри. Во видеото кое можете да го погледнете подолу, Дмитри Колтаков ни претставува каков е животот на овие возачи.

Уживајте.

Back To Top