Популарната World GP Bike Legends трка ќе се одржи на патеката во Силверстоун помеѓу 26-28 јули.

Добивме информација дека популарната World GP Bike Legends трка ќе се одржи на патеката во Силверстоун помеѓу 26-28 јули а веќе е потврден и настапот на поранешните Светски шампиони Вејн Гарднер, Фреди Спенсер и Рејмонд Роше.

Меѓу активностите кои ќе се одржат за време на викендот се демонстрациите на најголема брзина, ќе бидат прикажани неколку класични мотоцикли, меѓу кои неколку познати 500cc дво-тактни модели а ќе има и средби и разговори со фановите.

Silverstoun Clasic txt 14 05

Исто така ќе има и MotoWorld зона посветена на фановите на која ќе може да ја видите изложбата Dirt Quake а ќе можете и да се напиете кафе.

„Настанот кој ќе се одржи оваа година ќе биде навистина возбудлив“, изјави Гарднер. „Ќе преставиме нов мотоцикл кој има ретро изглед. Тој е брз и одличен за возење на едно тркало. Ќе имаме и две трки кои ќе се одржат во сабота и недела. Британските фанови први ќе имаат можност да ги видат мотоциклите кои ќе настапат.“

„Мотоциклите исто така ќе бидат дел и од MotoWorld изложбата. Тука фановите но и новинарите ќе можат да се сретнат и да разговараат со поранешните возачи.“

„Четири или пет производители веќе го потврдија своето учество а за време на целиот настан очекуваме да има помеѓу 15 и 20 возачи. Оваа година фановите ќе можат да ги тестираат мотоциклите. Silverstone Classic е забавен фамилијарен настан и се надевам дека ќе ве видам сите таму.“

Back To Top