Останато

Хавиер Симеон: Белгијците и нивното чоколадо едноставно не можат да бидат разделени

Белгијците и нивното чоколадо едноставно не можат да бидат разделени, а тоа особено важи за Белгискиот MotoGP возач и иден Moto-E натпреварувач, Хавиер Симеон. Го посетивме во неговата продавница за чоколади за да го прашаме како успева да му одолее на искушението.

Следете нè на:

 

Хавиер, благодарам што одвои време да поразговараш со нас. Ја заврши сезоната 2018 во тимот на Ducati. Какво беше тоа искуство за тебе?

Xavier 1

„Ова беше фантастична година, полна со предизвици особено на стартот на сезоната. Ducati GP16 има репутација дека е мотоцикл со кој многу тешко можете да се справите и на првите неколку трки навистина имав проблеми. Навистина беше тешко да стекнам самодоверба. За жал, мојот тимски колега имаше повреда, но од друга страна тоа пак ми овозможи да го користам неговиот мотоцикл кој беше многу полесен за возење. Веднаш постигнав подобри резултати, а тоа ми помогна и да ја подобрам мојата самодоверба.“

Xavier 2

Кога ќе размислиш за сезоната што измина, што ти остави најголем впечаток?

„Омилена трка ми беше во Аргентина. Се помина во најдобар ред. Имав одлични квалификации и од таа трка имам само добри сеќавања.“

Xavier 3

Следната година ќе бидеш дел од Moto-E серијата. Како се чувствуваш поради тоа?

„Со нетрпение чекам да почне. Ова е нова серија и првичните проценки се дека ќе биде многу возбудлива. Ќе има многу добри возачи, некои се поранешни натпреварувачи во MotoGP и затоа би требало да биде интересна. Се уште немав можност да го испробам мотоциклот, но од она што го слушнав ќе биде навистина добар. “

Xavier 4

Електрификацијата полека се пробива во мотоспортот. Каква мислиш дека ќе биде иднината на електричните возила? И какво е чувството да се биде дел од тоа?

„Имам измешани чувства. Искрено мислам дека Moto-E никогаш нема да може да го замени MotoGP. Мислам дека во најдобрата категорија секогаш ќе има мотори со внатрешно согорување. Но можеби тие ќе се променат и ќе станат хибриден систем како што има во некои други серии (FIA WEC). Но во секој случај, за секојдневно возење, мислам дека електричните возила се одлична опција.“

Xavier 6

Тука сме во твојата продавница за чоколади во Андора. Што те натера да почнеш бизнис со чокалади токму тука?

„Како Белгиец кој живее во Андора и кој сака да отвори сопствен бизнис, имаш две опции: или да продаваш пиво или да продаваш чоколади. Но има толку многу барови тука така да како подобра ми се виде опцијата да продавам чоколади. Што е уште поважно, мојата девојка навистина сака чоколади и одлучивме да отвориме таква продавница.“

Чоколадата и спорот се чудна комбинација. Можеш ли да му одолееш на искушението кога си тука?

„Обично можам но понекогаш е навистина тешко. Во секој случај, вежбаме напорно и мислам дека ќе бидам во ред.“

Xavier 7

Би можело да ве интересира

Организаторите на MotoE серијата ги потврдија причините за пожарот во Херез во кој настрада поголем дел од опремата и мотоциклите на тимовите.

Маверик Вињалес ги уништи пневматиците во обид да ги претекне своите ривали. Вели дека мора да направи промени во случај тоа да се повтори и во иднина.

Алваро Баутиста продолжува со перфектниот старт на новата сезона и стигна до нов хет трик од победи.

FIM потврди дека жалбата која тимовите ја поднесоа против Ducati ќе биде разгледана од страна на Апелацискиот суд надлежен за MotoGP а сослушувањето треба да се одржи овој месец.

Алваро Баутиста го претекна Џонатан Реа и се најде на првото место по завршувањето на слободниот тренинг во Тајланд. Двајцата возачи постојано го подобруваа своето време.

Тимскиот менаџер на Suzuki, Давиде Бривио, тврди дека новиот уред на мотоциклот на Ducati има врска со аеродинамиката. Вели дека Suzuki поднесе жалба со цел засекогаш да се реши проблемот.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.