Ники Хејдн за прв пат по 13 години ќе се врати на „Suzuka 8 Hours“ и ќе го предводи тимот на Honda

Светскиот шампион од 2006 година беше постојано поврзуван со враќање на оваа трка откако годинава премина во тимот на Honda во Светскиот Супербајк шампионат. Од Honda потврдија дека Хајден ќе им се приклучи на Михаел ван дер Марк и Такуми Такахаши во тимот „MUSASHi RT HARC-PRO“.

hayden 8hrs

„За мене претставува голема чест да се натпреварувам на трка каква што е „Suzuka 8 Hours“. Таа има долга традиција и е различна од останатите трки. Тука сите мораме да соработуваме а исто така има и летачки старт. Бидејќи имаме долга летна пауза, задоволен сум бидејќи оваа трка ќе ми помогне да останам во форма,“ изјави Хејдн.

„Трката ќе биде голем предизвик бидејќи ќе има многу добри возачи. Но би било убаво да победам и да го додадам и овој трофеј на мојата колекција.“

Покрај овој тим на Honda, ќе има уште неколку други меѓу кои е и Satu HATI Honda Team Asia, на кого оваа година ќе му биде петта по ред како настапува на трката. Покрај него, уште седум други  тимови поврзани со Honda ќе настапат на трката.

Триесет и деветата „Coca-Cola Zero Suzuka 8 hours“ ќе се оддржи на 31-ви јули.

Back To Top