Останато

Kawasaki потврди дека Реа и Хаслам ќе настапат на 8 часа Сузука

Kawasaki потврди дека трикратниот Светски Супербајк шампион како и победникот на трката „Suzuka 8 Hours“ во 2012 година, Џонатан Реа ќе биде дел од оваа позната трка на издржливост, а на тимот ќе му се придружи уште еден поранешен победник - Леон Хаслам.

Следете нè на:

 

Реа последен пат настапи на трката во 2013 година кога му беше партнер на Британскиот Супербајк шампион Риучи Кијонари. Сепак, тој не успеа до крај да ја извози трката. Тоа му овозможи на Хаслам и неговите тимски колеги Такуми Такахаши и Михаел ван ред Марк да стигнат до победата, нивна прва за MuSASHi RT HARC-PRO Honda.

148919618

Оваа година на двајцата возачи ќе им се приклучи Јапонскиот натпреварувач Казума Ватанабе. Реа пак вели дека не може да дочека да настапи заедно со својот поранешен ривал.

„Навистина ми е чест што ќе бидам дел од Team Green. Оваа трка навистина ми се допаѓа и откако стигнав до победата во 2012 година си ветив дека еден ден ќе се вратам повторно тука. Откако му се приклучив на Kawasaki досега неколкупати имаме разговарано за можноста заедно да работиме на овој проект. Сега е вистинскиот момент за такво нешто бидејќи одлично се совпаѓа со програмата на Светскиот Супербајк шампионат.“

„Ова е една од најтешките трки во светот и е вистински тест за човекот и машината.Исто така ќе имам и неколку тестови претходно со цел да дојдам подготвен на трката. Заедно со сите кои се дел од екипата ќе се обидеме да дојдеме до резултат од кој сите ќе бидеме горди.“

Би можело да ве интересира

Крузер линијата на Honda доби уште еден специјален модел за сезоната која престои. Станува збор за 2019 Honda Fury кој ќе се издвои од останатите модели по својот храбар дизајн и ретро изглед.

Без никакво сомневање, Италија би можела да се нарече центар на дизајнерските студија од целиот свет. Ајде одблизу да ја разгледаме Италијанската дизајнерска сцена на мотоцикли.

Гран При комисијата ги одложи до јуни задолжителните хомологациски правила за кацигите.

Во изминативе две години бевме малку изгубени, но сега знаеме по кој правец да се движиме и имаме поголем оптимизам – Валентино Роси.

Кал Кратчлоу вели дека воопшто не чувствува болка во зглобот кога е на мотоциклот но кога ќе се симне од него е друга приказна.

Новите надворешни додатоци на Yamaha и Ducati добија одобрување, вели техничкиот директор на MotoGP, Дени Олдриџ.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.