Останато

Лидерот на Дакар, тимот на HRC подготвен за втората недела

Фабричкиот тим на Honda, HRC, денот наменет за одмор го помина високо на табелата. Паоло Консавеш се наоѓа на првото место во генералниот пласман пред почетокот на втората, одлучувачка недела.

Следете нè на:

 

Сончевиот ден во Салта, ги израдува возачите со оглед на ужасните услови кои беа минатата недела. Силниот дожд и бури сериозно ги нарушија плановите на организаторот, кој се надеваше дека неделата ќе помине без никакви проблеми. Во поглед на другите работи, се помина воглавно добро. Имаше само мали проблеми со навигацијата како и со високиот притисок кој им создаваше мали проблеми на возачите.

5692af3f5dc993.82858217Тимот на Хонда на водечката позиција по 7 етапи

Возачите на тимот на HRC добро ја помина првата недела, особено Португалецот Паоло Консавеш кој се наоѓа на првото место.  Тој до сега има остварено една етапна победа, едно второ и две трети места.  Паоло се надева дека ќе го задржи овој ритам и во втората недела од натпреварувањето. Целта до која треба да стигнат е Росарио, Аргентина.

Чувствата се измешани: Позитивни бидеќи сме лидери на табелата со Паоло и бидејќи и останатите возачи имаат одличен настап но исто така се и негативни поради проблемите на Бареда. Момчето навистина немаше среќа во Боливија, речиси на истото место како и минатата година.  Тимот работи напорно и надминавме една навистина тешка недела. Не поради тешките етапи туку поради временските услови и надморската височина. Засега екипата е во доба состојба. Исто така и соработката со Honda South America е одлична.  Втората недела ќе биде многу потешка за возачите, кои ќе мора да работат многу напорно на стратегијата. Убедени сме дека ќе завршиме одлична работа Мартино Бианки – Генерален Менаџер на HRC

Учеството на Дакар 2016 за Јоан Бареда заврши по инцидентот што го имаше во шестата етапа кога шпанецот доби силен удар во левата рака. По несреќата што ја доживе, Бареда беше одвлечен назад од тимскиот колега Паоло Черчи. 

Состојба по 7-та етапа

Поз.ВозачБрЗемјаТимКонструкторВреме
1 GONCALVES Paulo 2 POR Team HRC Honda 22:52'30
2 PRICE Toby 3 AUS Red Bull KTM Rally Factory Team KTM +3'12
3 SVITKO Stefan 5 SLO Slovnaft Team KTM +9'24
4 QUINTANILLA Pablo 4 CHI Husqvarna Factory Rally Team Husqvarna +18'06
5 BENAVIDES Kevin 47 ARG Honda South America Rally Team Honda +21'01
6 MEO Antoine 49 FRA Red Bull KTM Rally Factory Team KTM +21'06
7 RODRIGUES Helder 7 POR Yamaha Motor Europe Yamaha +24'44
8 FARRES Gerard 23 SPA Himoinsa Team KTM +29'57
9 DUCLOS Alain 20 FRA Sherco TVS Rally Factory Sherco +30'32
10 PEDRERO Joan 17 SPA Sherco TVS Rally Factory Sherco +31'45
11 ARANA Txomin 27 SPA GOR Sport Husqvarna +33'56
12 BRABEC Ricky 48 USA Team HRC Honda +38'07
13 BOTTURI Alessandro 18 ITA Yamaha Motor Europe Yamaha +39'37
14 VAN BEVEREN Adrien 42 FRA Yamaha Motor Europe Yamaha +41'52
15 SANZ Laia 12 SPA KTM Factory Racing Team KTM +44'36
16 METGE Michael 19 FRA Team HRC Honda +50'26
19 METGE Adrien 61 FRA Honda South America Rally Team Honda +1:03'26
62 CECI Paolo 32 ITA Team HRC Honda +4:58'04

Би можело да ве интересира

Неделата воопшто не изгледаше како ден на кој ќе се постави нов рекорд во Мото3 класата. Дождот предупредуваше да не се преземаат ризици и да се биде внимателен. Но Чан Онку се погрижи да се случи токму спротивното.

Последната трка од шампионатот ја одбележаа многуте падови, победата на Довициозо и подиумот на Алекс Ринс, а она што беше нај впечатливо беше успехот на Пол Еспергаро кој го донесе КТМ на третата позиција.

GRT Yamaha официјално потврди дека ќе му се приклучи на FIM Светскиот Супербајк шампионат во 2019 година, а Марко Меландри и Сандро Кортезе ќе бидат возачи на екипата.

Џонатан Реа уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите возачи откако постигна најбрзо време на првиот зимски тест кој се оддржа на патеката во Арагон. Пробувајќи го за прв пат  ZX-10RR опремен со новите спецификации, Реа беше за 1.5 секунди побрз од останатите возачи.

Три кратниот светскиот шампион беше именуван за член на MotoGP™ Legend а Шпанецот исто така за време на последната трка од сезоната која се вози во Валенсија ќе биде вклучен и во куќата на славните. Педроса, во 2003 година ја освои титулата во категоријата од 125cc а во 2004 и 2005 година титулата во 250cc. Тој е еден од најуспешните возачи во премиерната класа.

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.